Breaking News

Демократско движење: Во нормални држави, за случаи како на онкологија, владите поднесуваат оставки


Полициската акција на Клиниката за Онкологија, според сите индиции, ќе извади на површина скандал од трагични размери. Веќе е јасно дека здравството е криминализирано. .


Демократското Движење се надева дека овој скандал од нечовечки размери нема да го има истиот епилог како оној на Модуларната болница во Тетово, кој Правдата го заклучи со смешни, ако не и апсурдни „казни“. Злоупотребите во оваа клиника укажуваат на запоставување на надлежните органи, иако претходно имаше предупредувања дека на Онкологија човечноста починала, а за тоа сведочат злоупотребата на терапии и трговијата со лекови, се вели во соопштението од партијата Демократско Движење.


„Oва е последен момент за надлежните органи, односно Министерството за Внатрешни Работи и Обвинителството да го покажат своето вистинско лице и сите виновници да ги изведат пред правдата, бидејќи нашите болници стануваат центри на убивање луѓе, а не центри каде се спасуваат животи. Значи здравството се распаѓа сериозно. За жал, владеењето на СДСМ и ДУИ одамна е излезена од контрола, оставајќи простор за античовечки дејствија и луѓе од власта кои не се заситуваат од крадење и злоупотреба насекаде, вклучувајќи ја и оваа злоупотреба на лекови за болните од рак“.
Извор: МИА