Демири: Нашите хероини неуморно работат за поквалитетен живот на сите нас


Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири го честита денешниот празник, потенцирајќи дека здравствениот сектор има храбри и посветени здравствени работнички и соработнички, докторки, медицински сестри, болничарки, на кои сите ние треба да бидеме горди.


– Тоа се нашите хероини кои неуморно работат за подобрување на квалитетот на живот на сите нас.


Горд сум што во Министерството за здравство имаме многу раководителки на сектори и одделенија, државни советнички и заменик министерка, кои активно учествуваат во креирање на здравствените политики, подвлекува Демири во честитката.

Во изминатиот период, како што истакнува, многу било вложено во подобар здравствен третман за сите пациентки, за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата.


– Продолжуваме и во следниот период да ги слушаме женските организации, затоа што само заеднички можеме да го зајакнеме јавното здравство. Честит 8 март, истакнува Демири. бд/са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА