Breaking News

Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата 


– Министерот за здравство, Илир Демири, денеска на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе користат надворешни компресори додека не добијат валиден документ за исправност.


Според министерот, проблемот е хаварија во компресорската станица за кој се чекаат испитувања од Германија, како и истрага на Јавното обвинителство.


– Додека не заврши ова испитување и не дојдат анализите од Германија кои се испратени, хируршки центар ќе се послужи со надворешни компресори, рече тој, дополнувајќи дека се набавени шест компресори кои се надворешни и може да послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер.

Итните случаи на пациенти, како што кажа се пренесуваат во Општа Градска болница и во болницата „8 септември“. ар/нд/   .


Извор: МИА