Делови од Карпош, Ѓорче Петров, Илинден и Сарај денеска без струја


Без електрична енергија денеска од 11:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Прашка“ од бр.54 до бр.70 и дел од улицата „Букурешка“ од бр.110 до бр.140 во општина Карпош.


Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Париска“ без број спроти ГОБ „8 Септември“ и Клиниката „Жан Митрев“ во општина Карпош.


Без струја од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат жителите од улицата „532“ во населбата Марино и фирмите Агриматко, Пламтекс, Метромедикал и Димима во општина Илинден.

Во периодот од 12:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од жителите од село Кучевиште, а од 9:00 до 15:30 часот корисниците од селата Семениште, Чајлане, Раовиќ, Буковиќ и Ласкарци.


Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа. мд/лв/

Скопје, 30 март 2023 (МИА)