Breaking News

Делегација на Пратеничката група на Парламентот на Австрија во посета на Собранието


Во посета на Собранието денеска ќе биде делегација на Пратеничката група на австрискиот Парламент за соработка со Парламентот на Република Северна Македонија.


Членовите на делегацијата ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претседателот и членовите на Пратеничката група за соработка со австрискиот Парламент, како и со претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободата и правата на граѓанинот.


ев/бак/   .

Извор: МИА