Дел од Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја


Корисниците на дел од селото Петровец, објектите што се наоѓаат по патот за Огњанци, село Бадар, дел од Катланово, објектите накај Тотинци, селата Блаце, Кожле и Огњанци, како  фазанеријата Јасен утре од 8:30 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.


 Во периодот од 8:45 до 9:45 часот, без струја ќе бидат и корисниците од селата Катланово, Градманци, Катлановска бања, Летевци, мотелите и бензинските пумпи околу Катланово.


Од 10:00 до 15:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од населба Црквиште во Волково и дел од улицата „22“, а  од 13:00 до 14:00 часот, корисниците на дел од улицата „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.


вј/хс/Фото: МИА архива .

Извор: МИА