Breaking News

Дебата за неформалните собирачи на отпад


Во Стопанската комора денеска ќе се одржи дебата на тема „Наодите од истражувањето за состојбата со неформалните собирачи на отпад во РС Македонија и можности за нивна интеграција во формалната економија”.


На дебатата ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето што  „Пакомак“ го направи за неформалните собирачи во периодот март-април на репрезентативен примерок во сите осум плански региони.


Според најавата, предвидено е учество на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, раководителот на сектор за отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Каранфилова-Мазневска и извршниот директор на „Пакомак“ Филип Ивановски.

мч/са/   фото: МИА архива .


Извор: МИА