Breaking News

Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше утре без струја


Сите потрошувачи од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше утре од 9:00 до 17:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Електродистрибуција.


Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што велат, е планиран зафат од страна на државната енергетска компанија ЕСМ. вј/нд/Фото: МИА архива .


Извор: МИА