Дамаск: Сириската противвоздушна одбрана собори израелски ракети во близина на главниот град


Сириската противвоздушна одбрана собори израелски ракети истрелани врз село во близина на главниот град Дамаск, соопшти сириската армија, наведувајќи дека тоа е втор ракетен напад за помалку од 24 часа.


Во соопштението се наведува дека ракетните напади биле извршени од правец на Голанската висорамнина, при што е причинета мала материјална штета.


Властите во Дамаск вчера соопштија дека сириската противвоздушна одбрана соборила две непријателски беспилотни летала над западните предградија на Дамаск.

Во соопштението се наведува дека нападот со беспилотно летало бил извршен од Голанската висорамнина, но овој напад експлицитно не му беше припишан на Израел.


Од декември 2023 година, во израелските напади на сириска територија убиени се неколку членови на иранската Револуционерна гарда, меѓу кои и високи воени разузнавачи. ссм/фото: архива .

Извор: МИА