Breaking News

Членовите на Советот за безбедност на ОН го осудija Хамас, но не едногласно


На вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, САД и Израел повикаа на остра осуда на палестинските исламисти, кои владеат со блокираниот Појас Газа и започнаа ненадеен напад во саботата, а во во борбите кои се уште траат загинаа вкупно над 1200 луѓе.


– Има добар број земји кои ги осудија нападите на Хамас. Очигледно не се сите, изјави за новинарите високиот американски дипломат Роберт Вуд по седницата зад затворени врати.


– Веројатно можете да погодите кој е еден од нив без јас да кажам ништо, рече Вуд, јасно алудирајќи на Русија, пренесува угледниот египетски весник „Ахрам“.

Дипломатите рекоа дека на Советот за безбедност не се разгледувала никаква заедничка изјава, а не пак обврзувачка резолуција, затоа што членките предводени од Русија инсистираат на поширок фокус наместо само на осуда на Хамас.


– Мојата порака беше веднаш да се запрат борбите и да се оди на прекин на огнот и на значајни преговори, што со децении го кажува и Советот за безбедност, рече Василиј Небензија, рускиот амбасадор во Обединетите нации.

– Ова е делумно резултат на нерешени прашања, рече тој. Кина рече дека ќе поддржи заедничка изјава.


– Не е нормално Советот за безбедност да не каже ништо, рече амбасадорот Жанг Јун, кој претходно вети кинеска поддршка за осуда на „сите напади врз цивили“.

Влегувајќи во седницата, амбасадорот на Израел, Гилад Ердан, покажа графички слики на израелски цивили кои се заробени од Хамас.


– Ова се воени злосторства — бесрамни, документирани воени злосторства, рече Ердан. – Ова незамислива, незамисливо, злосторство мора да биде осудено“, порача тој Советот за безбедност.

На Израел мора да му се даде цврста поддршка за да се одбраниме – да го браниме слободниот свет“, истакна Израелецот.

Постојаниот палестински претставник – кој ја претставува палестинската управа во центарот на Западниот Брег, а не ривалскиот Хамас — го повика Советот за безбедност да се фокусира на ставање крај на израелската окупација.

За жал, историјата за некои медиуми и политичари започнува кога Израелците ќе бидат убиени“, рече претставникот Ријад Мансур.

Ова не е време да му се дозволи на Израел двојно да ги минимизира своите страшни избори.

Ова е време да му кажеме на Израел дека треба да го смени курсот, дека постои пат до мир, каде нема да се убиваат ниту Палестинци ниту Израелци“. ссм/фото: архива .

Извор: МИА