Breaking News

Член на израелскиот воен кабинет го постави Рамазан како краен рок за започнување копнена офанзива во Рафа


Израел ќе започне копнена офанзива во Рафа следниот месец доколку Хамас не ги ослободи преостанатите заложници до почетокот на Рамазан, изјави членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц.


– Ако нашите заложници не бидат дома до Рамазан, борбите ќе се преселат во областа Рафа, рече Ганц на прес-конференција со водачите на американската еврејска заедница.


Рамазан, кој се очекува да започне на 10 март, историски гледано, често е тензичен период во регионот на Блискиот Исток.

Бени Ганц, кој е пензиониран генерал на израелската армија и дел од тричлениот воен кабинет на Нетанјаху, има важен, но не и одлучувачки глас за тоа каква акција ќе се преземе понатаму.


Израелската влада јавно не објави краен рок за почеток на копнена офанзива во Рафа, каде што повеќе од половина од 2,3 милиони палестинско население во Појасот Газа побара засолниште од борбите.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли зачестените повици за запирање на воената офанзива во Газа. ссм/фото: архива  .


Извор: МИА