Breaking News

Четворица Палестинци загинаа во израелски напад на Западниот Брег


– Четворица Палестинци се убиени, а еден израелски војник е повреден за време на рација во градот Азун на северниот дел на Западниот Брег, соопшти израелската војска.


Во соопштението објавено на X, израелската војска соопшти дека се убиени четворица Палестинци, кои ги нападнале со експлозив и се забарикадирале во една куќа.


Објвена е и фотографија од трите автомати Карло за кои тврди дека ги носеле убиените. Израелските сили продолжија со ноќните напади на неколку области на Западниот Брег.

Од 7 октомври, израелската армија и доселениците на Западниот Брег убиле најмалку 320 Палестинци, додека околу 5. 000 се приведени, пренесе Ал Џезира. јт/ .


Извор: МИА