Breaking News

Четворица мажи уапсени во западна Германија откако пукале пред паб


– Германската полиција уапси четворица мажи по пукање пред паб во Нојнкирхен, околу 170 километри југозападно од Франкфурт, јави ДПА.


Маж (53) синоќа е повреден во ногата со два истрели, соопшти портпаролот на полицијата.


По инцидентот осомничените избегале со автомобил од местото на настанот, изјави тој и додаде дека во тек е истрага.

Полицијата соопшти дека двајца осомничени потоа се предале во Нојнкирхен, додека други двајца осомничени биле приведени во станбена зграда на адреса на сопственикот на автомобилот.


Осомничените се мажи на возраст од 28, 34, 41 и 45 години. Тие и се познати на полицијата. јт/Фото: МИА архива .

Извор: МИА