Breaking News

Честитка од претседателот на Собранието Митрески по повод католички Велигден: Остануваме силно посветени на заедничките вредности кои не движат кон на…


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден до бискупот скопски и епископ струмичко – скопски, Монсињор д-р Киро Стојанов и до сите католички верници.


-Дозволете ми од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име Вам и на сите христијани од католичка вероисповед да Ви испратам искрени честитки по повод големиот христијански празник – Велигден.


Овие денови на празнување нека донесат спокој и љубов во секој дом, во секое срце.

Верските празници и нивното празнување нѐ обединуваат и нѐ потсетуваат дека духовната мир, љубовта и почитта кон сите се вистинските вредности за кои треба да се бориме и кои треба да ги промовираме, напиша Митрески во честитката.


Митрески наведува во честитката дека сите ние, независно на која религија припаѓаме мора да имаме и треба да се бориме за заедничка цел, а тоа е подобар живот и просперитетна иднина за нас и за идните генерации кои доаѓаат.

А тоа, како што вели, ќе го постигнеме само ако ги почитуваме различностите, независно од етничката и религиската припадност.


-На овој голем христијански празник, кога ја славиме победатата на животот над неправдата, остануваме силно посветени на заедничките вредности кои не движат кон понатамошен напредок.

Ви посакувам успех, сила, мудрост и верба во исполнувањето на Вашата духовна мисија.


Добро здравје и благосостојба Ви посакувам Вам и на Вашите блиски, како и на сите католички верници во Република Северна Македонија, нагласува претседателот на Собранието Митрески во честитката до бискупот скопски и епископ струмичко – скопски, Монсињор д-р Киро Стојанов.

вг/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА