Breaking News

ВЕСТИ

Џафери во посета на општина Чашка 

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ќе ја посети општина Чашка, соопшти владината прес-служба. Според агендата, Џафери ќе ги посети ООУ „Петар Поп Арсов” во село Согле, ООУ „Тодор Јанев” – Општина Чашка, како и ООУ „Лириа“ во Долно Јаболчиште. дма/мд/Фото: МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »

Поднесени кандидатурите за претседател на државата, партиите ги финализираат листите за пратеници

Сите седуммина кандидати за претседател на државата ги поднесоа кандидатурите до Државната изборна комисија (ДИК). Сега се очекува ДИК да одржи седница на која треба да ги разгледа и потврди поднесените кандидатури, а најдоцна до 28 март треба да се утврди и редоследот на потврдените кандидати на гласачкото ливче.  Вчера …

Повеќе »

Овчи сипаници, ентероколитиси и пертусис – најчести акутни заразни заболувања во февруари

Најчести пријавувани акутни заразни заболувања во февруари биле овчите сипаници – 661, по што следуваат ентероколитиси – 207, па пертусис или големата кашлица – 120 случаи, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. – Во однос на претходниот месец – јануари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од …

Повеќе »

Над 70 домашни и меѓународни брендови ќе се претстават на Саемот на мебел во Скопје

Од денеска до недела во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува Саемот на мебел, на кој ќе се претстават над 70 домашни и меѓународни брендови. Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички …

Повеќе »

Последното проширување на американската црна листа ги „вкрсти“ власта и опозицијата за Законот за рестриктивни мерки

– Последното проширување на американската црна листа со функционери од земјава повторно ги вкрсти власта и опозицијата околу Законот за рестриктивни мерки. СДСМ обвинува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ го блокира носењето во Собранието, додека од таму велат дека има доволно законски решенија да се постапува, но дека власта се плаши да …

Повеќе »

Почнува пролетта

Пролетта почнува денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента.  Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.  На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. …

Повеќе »

Сончево со мала облачност, наутро студено

Студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 11 до 18 степени. Во Скопје слично …

Повеќе »

Црвен крст Струга со апел до младите да даруваат крв

Привлекување што повеќе млади крводарители е целта на Општинската организација на Црвен крст Струга, истакна денеска секретарот Адуриме Даути на свечената седница на која беа доделени благодарници за пет, десет, 25 и 50 крводарувања во текот на изминатата 2023 година. Годината што измина ја оцени како успешна, со надминување на …

Повеќе »

Кабинетот на Велковски реакциите на ЦСР ги оцени како оркестриран напад, тие, пак од него побараа извинување

Оркестриран напад по вчерашните објави за сторен криминал од страна на раководни лица во ЦСР нема да не поколеба јавноста да ја дознае вистината тоа како се исплаќала социјална помош и социјални пензии. Овој атак има име и презиме, а јавноста многу добро знае кое е тоа, реагираше денеска преку …

Повеќе »