ВЕСТИ

Билатерална средба на директорот на БЈБ при МВР и генералниот директор на словенечката полициіа

  Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски денеска на маргините на 50. Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ оствари билатерална средба со Сенад Јушиќ в. д. генерален директор на словенечката полициіа. На средбата, како што соопшти МВР, двајцата директори дискутирале за зајакнување на веќе постоечката одлична соработка …

Повеќе »

Поголемите политички партии предлагаат една изборна единица со пет отсто праг и со отворени листи

Поголемите политички партии во Собранието на денешната прес – конференција истакнаа дека предлагаат една изборна единица со пет отсто праг и со отворени листи. Пратеникот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми истакна дека неговата партија во работната група ќе предложи една изборна единица со пет посто праг и со …

Повеќе »

Бектеши: Мерките дадоа резултат, Северна Македонија е најевтина земја во регионот во делот на храната и горивата

Мерките дадоа резултат. Северна Македонија е најевтина земја во регионот во делот на цените на прехранбените производи и нафтените деривати, таму каде што ние можеме да имаме влијание согласно различни мерки, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши, посочувајќи дека во април инфлацијата е намалена за 13 отсто, а споредбено …

Повеќе »

Мицкоски: Во овој парламентарен состав и под овие услови уставни измени нема да има

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска уште еднаш повтори дека во овој парламентарен состав и под овие услови, уставни измени нема да има. Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Сојузот на стопански комори (ССК), Мицкоски рече дека за него тоа е затворена тема. -Тоа за мене е затворена …

Повеќе »

Комисијата за заразни болести предлага укинавање на сите задолжителни мерки за Ковид-19

Комисијата за заразни болести ќе му препорача на Министерството за здравство и на Владата да бидат укинати сите задолжителни мерки за Ковид-19, а тоа се задолжително носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби. Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на …

Повеќе »

Спасовски-Нешиќ: Местото на Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина е во ЕУ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на маргините на Европската регионална конференција на Интерпол денеска во Охрид имаше билтерална средба со неговиот босански колега, Ненад Нешиќ. На средбата било разговарано за предизвиците што ги ги тангираат Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и за Договорот со Агенцијата за …

Повеќе »

На ФЕИТ почна 11-тиот Робомак натпревар

На Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска почна 11-тото издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција – Робомак 2023. Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски рече дека ги поддржуваат студентите и мотивираат практично да го применат своето теоретско знаење. – Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон …

Повеќе »

Зајкова: Треба да се регулира пристапот до апликации и игри кои промовираат насилство

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова смета дека треба да се регулира пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство. Вели дека ако има регулација, тоа не значи дека станува збор за одредена цензура, затоа што целта е да се заштитат повисоки добра. – Ние сме сведоци на она што се …

Повеќе »

Триесет и седум отсто од децата не се чувствуваат безбедно во училиште, 24 проценти се жртви на физичко насилство

Триесет и седум отсто од децата во нашите училишта истакнуваат дека не се чувствуваат безбедно во училиште. Дури 24 проценти од децата велат дека се жртви на физичко насилство, покажуваат резултатите од научно – истражувачкиот проект реализиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, заедно со тим на професори …

Повеќе »

Спасовски – Шток: Република Северна Македонија е безбедна држава

– Република Северна Македонија е безбедна држава, нема индиции за нарушување, бидејќи случувањата во опкружувањето не можат да бидат прелеани кај нас од аспект на било какви терористички или криминални групи. Но, мора да се преземаат системски чекори, што ќе гарантираат правилен развој на општеството, истакна министерот за внатрешни работи …

Повеќе »