Breaking News

ВЕСТИ

Бесими: Од јуни граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

– Државата од јуни годинава ќе воведе граѓанска обврзница, нов инструмент за финансирање  на развојни проекти и на пазарот на капитал, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Граѓанската обврзница ќе биде со рочност од две години, а нејзиниот минимален износ ќе биде 10. 000 денари. Граѓаните ќе можат и …

Повеќе »

Телефонски разговор Османи- Ал Сауд

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд. Во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на билатералните односи, со посебен осврт на економската соработка и трговските врски. Воедно, Османи се …

Повеќе »

Променливо време со повремен дожд до четврток

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре и во среда наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со …

Повеќе »

Бесими препорачува зголемувањето на платите во јавниот сектор да се имплементира од 2024 година

– Министерот за финансии Фатимир Бесими денеска потврди дека за април 2023 година му е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот суд. Како што информира на денешната средба со новинарите, досегашната плата му била 71. 145 денари, а за април му се исплатени 125. 960 денари. …

Повеќе »

Утре потпишување на анексот на Договорот со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на на главни коридори во регионот и во ЕУ

Држава која нема коридори и енергија не може да се развива, порачаа денеска од Владата. Како што најави денеска на брифинг за медиумите, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски утре во Црна Гора ќе го потпише анексот на Договорот со ЕУ со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на …

Повеќе »

„InoVax“ – најдобра Џуниор Ачивмент ученичка компанија патува на Европски натпревар во Истанбул

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2022/2023 година организиран од Џуниор Ачивмент Македонија е „InoVax“ од средното училиште СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје. „InoVax“ е ученичка компанија која со својот производ им помага на повозрасните лица и лицата со деменција, како и на нивните најблиски, за безбедно …

Повеќе »

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 47. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 47. сесија на Клубот на истражувачите, што ќе се одржи на 15 јуни годинава. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm. mk, најдоцна до 1 јуни 2023 година. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите …

Повеќе »

Клиниката за психијатрија се реновира, пациентите ќе се пренасочуваат во Психијатриската болница-Скопје и во ГОБ „8 Септември“

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје соопшти дека од денеска се реновира објектот во кој е сместена преку Проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерство за здравство. За време на реновирањето пациентите ќе бидат пренасочувани …

Повеќе »

Повик за истражувачка и за додипломска студентска програма во Јапонија

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (MEXT) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за  Истражувачка студентска програма и за  Додипломска студентска програма. Потребната документација треба да се поднесе на англиски јазик или со официјален превод. Скенираните документи треба да се испратат …

Повеќе »

МНР објави повик за вклучување во проектот МКАРТА

Министерството за надворешни работи ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКАРТА, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта diasporadesk@mfa. gov. mk со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година. Од МНР посочуваат дека сите пристигнати апликации …

Повеќе »