Breaking News

ВЕСТИ

Онлајн-аплицирањето за упис во средно образование завршува утре во 15 часот

Првото пријавување на учениците за упис во прва година во јавните средни училишта за учебната 2023-2024 година ќе заврши утре во 15 часот. Дотогаш ученците може да ги пополнуваат своите пријави (апликации). Потоа системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, кое се спроведува преку линк до порталот за електронски …

Повеќе »

Сончево и топло до 33 степени, стабилно време и во наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени. Во Скопје сончево и топло со мала облачност и …

Повеќе »

Битиќи: Стапката на инфлација наскоро ќе биде едноцифрена, струјата не треба да поскапи

Стапката на инфлација наскоро ќе биде едноцифрена, се бара системско решение за сите вработени во јавниот сектор, а цената на струјата не треба да се зголеми и Владата ќе стори се во таа насока. Ова се само некои од пораките што ги упати вечерва вицепремиерот Фатмир Битиќи. Во гостувањето на …

Повеќе »

Левица: Министерот Меџити на службениот фб-профил на македонската јавност ѝ се обраќа на албански јазик

Фатмир Меџити, министер за здравство на службениот фејсбук профил на македонската јавност ѝ се обраќа на албански јазик. Односно, сите текстови се напишани на албански јазик, а потоа е даден превод на македонски јазик или, пак, воопшто нема превод. . Извор: МИА

Повеќе »

Претседателот Пендаровски ги посети критичните подрачја погодени од невремето во Крива Паланка 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги посети најкритичните локации со свлечишта во Општина Крива Паланка настанати од поплавите што изминативе денови беа предизвикани од поројните врнежи од дожд. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски,со претставници од општинските служби го информираа претседателот Пендаровски за настанатите штети во градот и околината, за состојбата …

Повеќе »

Маричиќ: Вредни се за разгледување барањата на Мицкоски кои се движат во Преговарачката рамка

  Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оценува дека се вредни за разгледување сите барања, очекувања или услови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан  Мицкоски кои, како што нагласува, се движат во Преговарачката рамка.  -Мицкоски изнесе повеќе услови за гласање, според мене, добро е што дијалогот започна и добро е што …

Повеќе »

Трета фаза од дезинсекцијата против ларви од комарци во Скопје

Град Скопје информира дека в среда (21 јуни) ќе се реализира третата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на Скопје против лаври од комарци. Во раните утрински часови ќе се реализира авионската дезинсекција (трета фаза) против ларви од комарци, а во текот на денот и трета фаза од терестричната (земјена) дезинсекција. …

Повеќе »

Спасовски го посети реновираниот објект на полициската станица во Пелинце

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети граничниот премин Пелинце и реновираниот објект на полициската станица.  Објектот, кој е еден од 80-те, е реконструиран во пресрет на туристичката сезона, кога се очекува зголемен обем на работа. Целта е подобри услови за полициските службеници, но и подобра услуга кон …

Повеќе »

Џафери – Норлен: Пристапувањето е придобивка за иднината, а не враќање во минатото

Претседателот на Собранието Талат Џафери и делегација составена од пратениците Никола Мицевски, Соња Мираковска и Ремзи Мехмеди, остварија средба со претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен,  во рамки на Конференцијата за демократијата во Европа, која што се одржува денеска во Стокхолм. Како што информираат од собраниската прес-лужба, на средбата е …

Повеќе »