Breaking News

ВЕСТИ

ТИ-Македонија: 75 проценти исполнетост на препораките според Национален систем за интегритет

Транспаренси Интернешнл Македонија во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет во Западен Балкан и Турција“ подготвува нов извештај за напредокот на столбовите на државното уредување и нивно оценување во рамки на Националниот систем за интегритет. Оценката се оформува според методологија подготвена од страна на …

Повеќе »

Синдикатот на УЈП во текот на денов до МТСП ќе достави нов предлог за помирувач 

Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) во текот на денов ќе достави нов предлог за помирувач до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) кој треба да изнајде решение за нивното барање за зголемување на платата за 30 отсто какво што неодамна добија дел од вработените во Министерството за …

Повеќе »

Ковачки: ЈО да отвори истрага за деловниот центар „Соравиа“

Дрин Ахмети, со вчерашното признание дека презема 39% од сопственоста на деловниот центар Соравиа, без да даде ниту еден денар за тоа, само затоа што има претприемачки дух, фрла сомнеж и дополнително го инкриминира Али Ахмети, дека тој лично стои позади целата оваа зделка. . Извор: МИА

Повеќе »

ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули, најави Кристин Лагард

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули за да се бори против инфлацијата во еврозоната, изјави нејзината претседателка Кристин Лагард за време на централниот банкарски форум во Синтра, Португалија. – Нашата работа не е завршена. Доколку не видиме значителна промена во изгледите, ќе продолжиме …

Повеќе »

Вицепремиерката Грковска во работна посета на Брисел

– Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Славица Грковска, од денеска е во работна посета на Брисел, каде што ќе има низа средби со високи претставници на европските институции. Во рамки на посетата, како што соопштуваат од Владата, планирани се поединечни средби на  Грковска со Вера Јурова …

Повеќе »

Седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 25. седница со само една точка зажана  на дневен ред, поради обемноста на предметот. Како што се наведува во соопштението од Уставниот суд, станува збор за рефератот У. бр. 19/2018 во кој се оспорени 49 члена од Законот за кривичната постапка.  Подносител на иницијативата …

Повеќе »

ДЗР го објави извештајот за ИТ ревизија на Земјоделските регистри во МЗШВ и АХВ

Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност/ИТ ревизија на Земјоделските регистри во МЗШВ и АХВ и нивна употреба во функција на ефективно остварување на правата и исполнување на обврските на земјоделските стопанства. . Извор: МИА

Повеќе »

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.  АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со …

Повеќе »

„Волонтирај!“ настан за промовирање на духот на волонтерството и позитивното влијание врз заедницата

Волонтерскиот центар Скопје (ВЦС) денеска на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје организира настан „Волонтирај!“ посветен на промовирање на духот на волонтерството и позитивното влијание врз заедницата. – Со мноштво можности за учење, активности и забава, овој настан има за цел да ги инспирира поединците да ја прифатат радоста на …

Повеќе »