ВЕСТИ

„Љубовната соба“ на Сузана Диневски во официјална селекција на Глобалниот филмски и музички фестивал „Ischia“ во Италија

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски е избран во официјалната селекција на Глобалниот филмски и музички фестивал Искија, на истоимениот остров Искија во Италија што се одржува од 9 до 16 јули 2023 година. „Љубовната соба“ на Сузана Диневски раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во …

Повеќе »

Заменик-министерот за финансии Николоски на средби во ММФ

Заменик министерот за финансии Филип Николоски, кој престојува во Вашингтон, оствари средби во Меѓународниот монетарен фонд со алтернативниот извршен директор  Лук Дресе и со шефот на мисијата на ММФ  Жак Миниан. Како што соопшти Министерството за финансии, на средбата, се разговараше за економските состојби и политики во земјава при што …

Повеќе »

На граничните премини Богородица и Табановце се чека околу еден час

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица и Табановце каде задржувањето е околу еден час. Поради асфалтирање, затворени за сообраќај се делницата Велес – Градско од 12 до 22 јули во периодот од 08:00 – 18:00 часот, а …

Повеќе »

Отворени средби на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Гевгелија

Граѓаните, членовите на граѓанските организации и претставниците на институциите во Гевгелија денеска ќе имаат можност за дискусија и подетално запознавање со надлежностите и начинот на постапување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Оваа средба се одржува во рамки на активноста „Отворени средби“ што ја спроведува КСЗД во …

Повеќе »

Официјално отворање на 13. Македонска извидничка смотра

Под мотото „Достигни ги височините”, од денеска до 21 јули во Крушево ќе се одржува 13. Македонска извидничка смотра. Најавено е учество на преку 1 000 извидници од земјава и од повеќе од 15 држави од регионот, Европа и светот. Генерален покровител на настанот е претседателот на државата Стево Пендаровски, …

Повеќе »

Прва аукција за граѓанската обврзница

Првата аукција за граѓанската обврзница во вкупен износ од околу 600 милиони денари ќе се одржи денеска. Граѓаните во изминатиот период имаа можност да запишат обврзница со минимален износ од 10. 000 денари. Граѓанската обврзница, како нов финансиски инструмент се нуди со поволни услови – камата од пет проценти и …

Повеќе »

Доделување договори од повикот за набавка на опрема за мали производители на храна од животинско потекло 

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе бидат доделени договорите на корисниците од јавниот повик за поддршка на мали производители на храна од животинско потекло. Пред доделувањето на договорите, министерот Љупчо Николовски ќе даде изјава за медиумите. мч/вг/ . Извор: МИА

Повеќе »

Избори за двајца нови членови на Судскиот совет

– Врховните и судиите од скопското апелационо подрачје денеска избираат двајца нови членови на Судскиот совет. Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд е единствен кандидат од редовите на врховните судии, додека на кандидатската листа за скопското апелационо подрачје и од управните судови се двајца кандидати – судијата од Основниот суд …

Повеќе »

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт ќе одржи две седници

Во Собранието денеска две седници ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт. Членовите на Комисијата во рамки на 18. седница ќе расправаат за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование во прво читање. Додека, пак, на дневен ред на 17. седница се неколку точки …

Повеќе »

Од денеска портокалова фаза – најранливите да не одат на работа, да се внимава на храната, соодветно да се чуваат милениците и домашните животни

Од денеска земјава влегува во портокалова (алертна) фаза. Дневните температури, како што најавува УХМР, во некои делови ќе бидат над 40 степени.  Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот, ќе влезат во портокалова фаза. Поради топлото време, надлежните излегоа со конкретни мерки и препораки: најранливите категории граѓани да …

Повеќе »