Breaking News

ВЕСТИ

Реакција на Стопанската комора со прилог аргументи за барањето на бизнис заедницата за запирање на постапката за донесување на предложениот Закон за д…

Стопанската комора на Северна Македонија денеска преку Клубот 100, упати допис до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и до Министерот за финансии на Република Северна Македонија во кои на еден сеопфатен начин се образложени аргументите за барањето на бизнис заедницата …

Повеќе »

Министерот Меџити: Лично ќе иницирам инспекциски надзори и при најмал сомнеж за оштета на пациенти

Лично ќе иницирам инспекциски надзор за секој случај за кој постои и најмал сомнеж за оштета на пациенти, истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната работна средба со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат д-р Рената Младеновска. На средбата која се реализираше по иницијатива на министерот за …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска на конференција на ЕЦБ: Повисок економски раст на земјите од Западен Балкан со повисока трговска и финансиска интеграција

По глобалната економска криза процесот на доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан забави во голема мера како резултат на структурните пречки поврзани со фундаменталните фактори на растот – човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на 9. конференција на Европската централна банка на …

Повеќе »

На граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата се чека околу еден час

На граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Затворени за сообраќај поради асфалтирање, денеска ќе бидат делницата …

Повеќе »

ССК организира средба на тема „Актуелна економска состојба и Данок на солидарност”

Сојузот на стопански комори денеска организира средба на тема „Актуелна економска состојба и Данок на солидарност”. Како што информираат од ССК, на средба ќе присуствуваат Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Комората, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. фф/вг/Фото: МИА Архива . Извор: МИА

Повеќе »

Австрискиот амбасадор Вуцас во посета на Собранието

Амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија. Како што информираат од собраниската прес-служба, Вуцас ќе одржи проштална протоколарна средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. фф/вг/Фото: МИА Архива . Извор: МИА

Повеќе »

Јавна расправа за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

– Јавна расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи денеска во Клубот на пратениците во Скопје, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација.  -Целта на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и …

Повеќе »

Дебата „Справување и борба со корупцијата и заштита на финансиските интереси на државата“

Во организација на Европско движење во Северна Македонија денеска во Клубот на пратенциите ќе биде одржана сесија на Работната група 6 –Антикорупција (Поглавје 5 – Јавни набавки, Поглавје 18 – Статистика и Поглавје 32 – Финансиска контрола), на тема „Справување и борба со корупцијата и заштита на финансиските интереси на …

Повеќе »

Собранието треба да ја продолжи 120 седница

Собранието денеска треба да ја продолжи 120. седница, на чиј дневен ред се предлозите за именување директор на Агенцијата за администрација, за избор на член на Советот на јавни обвинители и претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување на комунален отпад, како …

Повеќе »

Една година од стартот на преговорите со ЕУ: Уставните измени и натаму „пречка“ на европскиот пат

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на денешен ден пред една година во Брисел присуствуваше на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ, со што официјално започна преговарачкиот процес на земјава за членство во ЕУ. На стартот на преговорите претходеше одлуката на земјите членки на ЕУ, ден претходно, …

Повеќе »