Breaking News

ВЕСТИ

Министерката Петровска и армиските припадници заедно со граѓаните за Денот на независноста

По повод Денот на независноста, министерката за одбрана Славјанка Петровска и припадниците на Армијата беа заедно со граѓаните на Скопје и Северна Македонија, на отворениот ден кој беше организиран со припадниците на Министерството за внатрешни работи во Градскиот парк. . Извор: МИА

Повеќе »

Меџити: „Онкологија“ ќе има разрешница, ќе се знае со име и презиме кој е крив

Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека случајот „Онкологија“ ќе има разрешница. Ќе се знае точно, со име и презиме, кој го прекршил законот, а ќе има и соодветни последици. Како што изјави денеска, на негова иницијатива, тој е во постојана комуникација со МВР и со Обвинителство и прашува до …

Повеќе »

Кацарска: Да си ја цениме и сакаме нашата татковина и секој од нас,  да носи правилни одлуки

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод  8 Септември, Денот на независноста на државата, во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани. -Нека денешниот празник не’ потсетува на мудрите одлуки кои се носеле во минатото, но и нека биде совест и глас …

Повеќе »

Министерот за правда Кренар Лога во Берн се сретна со наговата швајцарска колешка Елизабет Баум Шнајдер

Министерот за правда на Република Северна Македонија, Кренар Лога, денеска во Берн, Швајцарија, по повод Денот на независноста се сретна со неговата колешка, Елизабет Баум Шнајдер. Ова, како што соопшти Министерството за правда, е втора средба со највисоките органи на швајцарската правда, по скорешната средба со државниот обвинител на Конфедерацијата, …

Повеќе »

Тактичко показни вежби и спортски активности во Градскиот парк по повод 8 Септември – Денот на независноста

– По повод 8 Септември – Денот на независноста во Градскиот парк во Скопје се одржуваат  тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи, како и серија на спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Предвидена е …

Повеќе »

Ковачевски: Лидерството на ВМРО-ДПМНЕ води нерационална дискусија за уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека во моментов целата дискусија за уставните измени се води на прилично рационално ниво од страна на владејачките партии и коалицијата која е за европски интеграции, а на исклучително нерационално ниво од страна на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ. Според премиерот, неопходна е дискусија која ќе базира на …

Повеќе »

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски

По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во …

Повеќе »

Претседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 8 Септември – Денот на независноста

По повод 8 Септември – Денот на независноста, претседателот Стево Пендаровски оддаде почит и положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел, соопштија од неговиот Кабинет. аа/Фото: Кабинет на Претседателот Стево Пендаровски  . Извор: МИА

Повеќе »

Стоилковски: Пендаровски станува соучесник во амнестијата за големите скандали

Пендаровски уште еднаш потрча да се допадне на СДС наместо да трча да ги заштити законите и правдата, и се тоа за нова кандидатура за претседател, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан за коментар за експресното потпишување на измените на Кривичниот законик од страна на претседателот Стево Пендаровски. Стоилковски …

Повеќе »

Стоилковски: Како директор на Онкологија извадил документ за канцер за мајка си, уште колку заведени со фалсификат има

Почитувани, И овој 8-ми Септември за жал минува во сенка на грозоморие со човечки жртви, предизвикано од криминал, корупција, самоволие, алчност и нечовечност на крими-партнерите во владата! Почитувани, Онкологија поседува КАТО систем од 2016-та година и има обучен персонал за него. Систем вреден тогаш 350.000 евра. 2017-та година, СДС ја …

Повеќе »