Breaking News

ВЕСТИ

Делегација од Генералната дирекција на водостопанство на Турција во посета на Радовиш

Делегација на Генералната дирекција на водостопанство на Република Турција, денеска ќе ја посети Општина Радовиш во рамки на теренските посети и анализи за решавање на проблемот со вода за пиење на одредени населени места во источниот дел од државава, како и подобрување на водната инфраструктура во тие места, известуваат од …

Повеќе »

Делегација од Комисијата за европски прашања од Данскиот парламент во посета на Собранието

Делегација од Комисијата за европски прашања од Данскиот парламент денеска ќе има средби во Собранието.  Членовите на оваа Комисија ќе имаат разговори со претседателот на Собранието Талат Џафери, со Арта Биљали-Зендели, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања и со членовите, како и со претседателката на Пратеничка група на Собранието на …

Повеќе »

Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на собраниска седница

Собранието денеска треба да ја почне 126. пленарна седница на која на дневен ред, меѓудругите, се и Предлог на одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите и измените и дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, …

Повеќе »

Седници на Законодавно-правната и на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.  Oдлуката за распишување јавен оглас за назначување претседател и членови на Советот за граѓански надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 34/2023) е на дневниот ред на Комисијата за …

Повеќе »

Претпладне сончево, попладне и во текот на ноќта локално пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има појава на пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а …

Повеќе »

Меџити: МЗ иницираше зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на пет милиони евра

Министерството за здравство иницираше зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на пет милиони евра. Тоа е двојно повеќе средства и сум горд на ова. Наша определба е да го ги забрзаме реконструкциите, набавката на опрема, бидејќи клучна причина за незадоволство од јавното здравство е лошата инфраструктура и …

Повеќе »

Поскапуваат горивата  

  Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, а дизелот и екстра лесното за денар, од ноќеска на полноќ, со одлуката што ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе изнесува 90,5 денари, а останува иста цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 …

Повеќе »

Обвинителство: Притвор за дилер на дрога од Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“. Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во неговиот дом во …

Повеќе »

ЗНМ и СЕММ со пријава до МВР за ширење на говор на омраза на Фејсбук страната на Канал 5

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по пристигнатите пријави од страна на колеги и колешки денеска ќе поднесат пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Конкретно, станува збор за објава на веб страната Канал 5 од 17-ти …

Повеќе »

Николоски: Не добивме кредибилен демант дека во Македонија нема следење на граѓаните со т.н. малициозен софтвер

– Од она што го слушнавме, не добивме кредибилен демант дека во Македонија не се случува следење на граѓаните со т. н. малициозен софтвер односно напредни софтвери кои буквално влегуваат во домот, изјави Александар Николоски, член на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата …

Повеќе »