ВЕСТИ

ДУИ е за избори во редовен термин, небитно дали заедно или одвоено, вели Османи

Изборите ќе бидат во редовен термин, а дали ќе бидат заедно или одвоени за тоа ќе треба да се договорат политичките партии, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи кој е потпретседател на ДУИ.  -Ставот на ДУИ е дека изборите треба да се одржат во редовниот термин. Дали ќе бидат …

Повеќе »

Повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ, вели министерот Бектеши

Министерот за економија Крешник бектеши денеска повтори дека производите наведени во Одлуката за „гарантирана цена“ нема да бидат опфатени со предвиденото зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ). Доколку има какви било технички грешки, рече Бектеши, ќе се корегираат. Тој уште еднаш потсети дека листата на производи со зголемен ДДВ …

Повеќе »

Трајанов: Итно да се усвојат измените на Изборниот законик за една изборна единица

Државата треба да биде една изборна единица, како клучен предуслов за демократизација и промени кои ќе гарантираат коренити реформи, владеење на правото, борба против криминалот и просперитет, изјави денеска Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, во врска со измените на Изборниот законик. – Младите сакаат да живеат во …

Повеќе »

Во Кривичен се испитуваат вештаци за автобуската несреќа кај Ласкарци

Во Основен кривичен суд Скопје денеска се испитуваат вештаци во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, најпрво беше испитуван по однос на наводите напишани во неговите авторски дела …

Повеќе »

Шест иницијативи на денешната седница на Уставен суд

На дневен ред на денешната седница на Уставниот суд се шест иницијативи. Како што информираат од Судот, на седницата ќе се дебатира по иницијативата поднесена од Славко Лазовски со која се оспорени член 2 точка 1 и член 36 став 1 од Законот за катастар на недвижности. Во иницијативата се …

Повеќе »

Во Кривичен продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Постолов денеска ќе биде испитуван од адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот …

Повеќе »

Откриени 1,3 килограми дрога, приведени двајца тетовци

Двајца браќа се приведени вчера откако најдена е дрога при претрес кај нив дома во Тетово. Најдена била марихуана во повеќе пакувања.  -На 11. 10. 2023 во 18. 40 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода …

Повеќе »

Комисијата за финансирање ќе ги разгледува ревизорските извештаи за работата на Клиниката за онкологија

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе расправа за ревизорските извештаи за 2021 година на Клиниката за онкологија.   Единствена точка на дневен ред на оваа седница на Комисијата се конечни извештаи на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во …

Повеќе »

Промоција на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во коорганизација со ОБСЕ/ОДИХР денеска во Скопје ќе одржи настан на кој ќе биде промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Како што е најавено, Кодексот е изготвен на иницијатива на Агенцијата во соработка со релевантните …

Повеќе »