Breaking News

ВЕСТИ

Пендаровски ќе присуствува на отворањето на генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска попладне по македонско време во Њујорк ќе присуствува на отворањето на генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Предвидено е Пендаровски да се обрати на генералната дебата во петок, 22 септември. Доцна попладне по македонско време денеска шефот на државата …

Повеќе »

Средба Ковачевски – Шолц во Њујорк: Евроинтеграциите и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива

Премиерот Димитар Ковачевски имаше куса средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, во рамки на настанот за одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации, што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк, соопшти прес-службата на Владата. Како што е наведено во соопштението, Ковачевски му го честиташе на …

Повеќе »

Владата ќе носи одлука за поевтинување на над 50 прехранбени производи

Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката …

Повеќе »

Меѓународна конференција по повод 65 години од образованието по социјална работа и социјална политика

По повод 65-годишнината од образованието по социјална работа и социјална политика, Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од денеска до 22 септември во Охрид организира меѓународна  конференција на тема „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални …

Повеќе »

Панел-дискусија на тема „Кривичниот законик: европско знаме за дезинтеграција?“

Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ денеска организира панел-дискусија на тема „Измени на Кривичниот законик: европско знаме за дезинтеграција?“. Како што е најавено, учесници на дебатата ќе бидат Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт во Северна …

Повеќе »

Делегација од Генералната дирекција на водостопанство на Турција во посета на Радовиш

Делегација на Генералната дирекција на водостопанство на Република Турција, денеска ќе ја посети Општина Радовиш во рамки на теренските посети и анализи за решавање на проблемот со вода за пиење на одредени населени места во источниот дел од државава, како и подобрување на водната инфраструктура во тие места, известуваат од …

Повеќе »

Делегација од Комисијата за европски прашања од Данскиот парламент во посета на Собранието

Делегација од Комисијата за европски прашања од Данскиот парламент денеска ќе има средби во Собранието.  Членовите на оваа Комисија ќе имаат разговори со претседателот на Собранието Талат Џафери, со Арта Биљали-Зендели, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања и со членовите, како и со претседателката на Пратеничка група на Собранието на …

Повеќе »

Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на собраниска седница

Собранието денеска треба да ја почне 126. пленарна седница на која на дневен ред, меѓудругите, се и Предлог на одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите и измените и дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, …

Повеќе »

Седници на Законодавно-правната и на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.  Oдлуката за распишување јавен оглас за назначување претседател и членови на Советот за граѓански надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 34/2023) е на дневниот ред на Комисијата за …

Повеќе »

Претпладне сончево, попладне и во текот на ноќта локално пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има појава на пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а …

Повеќе »