Breaking News

ВЕСТИ

Прв Фестивал за миленици „Пет фест Скопје“

На летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк Скопје, денеска ќе се одржи првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје“, со 12-часовна програма исполнета со забавни и едукативни содржини за деца и возрасни, како и за нивните миленици. Целта на настанот е да се подигне јавната …

Повеќе »

Посебен режим на сообраќај во централното подрачје на Скопје

Поради одржување атлетска трка денеска од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на централното подрачје на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Како што посочуваат, стартно/целната позиција на трката е на улицата „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“ по што се оди десно по десната коловозна …

Повеќе »

Променливо облачно со локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17,  а максималната од 24 до 31 степен Целзиусов. УВ индексот ќе …

Повеќе »

МНР ги повикува Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност на претстојниот попис

Министерството за надворешни работи (МНР) ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, на претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели. …

Повеќе »

Во Пентагон средба Петровска –  Карлин: Силен интензитет на македонско – американската одбранбена соработка

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Пентагон имаше средба со Мара Карлин, вршител на должноста заменик-потсекретар за одбрана на САД за одбранбена политика. На средбата со Карлин, министерката посочи дека силната македонско-американска соработка ја зголемува безбедноста и ја зацврстува колективната одбрана во Алијансата. -Сојузништвото во НАТО не е само …

Повеќе »

Дачиќ: Нашите земји се определени за дополнително зајакнување на односите за попросперитетна иднина на граѓаните

– Денешниот аеромитинг на кој покрај македонската и српската авијација учествуваат и цивилното и военото воздухопловство од Република Италија, Република Грција и други земји е јасен показател за интересот на државите, стопанствата и граѓаните од овие подрачја за воспоставување на уште подобри меѓусебни врски, но и за свеста за заедничката …

Повеќе »

Влада: Охридскиот регион го задржа статусот во УНЕСКО

– Охридскиот регион го задржа статусот светско наследство од универзална вредност, заштитено од УНЕСКО. Како што соопшти Владата, одлуката регионот да остане на листата е соопштена на 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија. Според владиното соопштение, таквата одлука потврдува …

Повеќе »

Стоилковски: Пендаровски денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија

Пендаровски веќе денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија? Пендаровски вели дека бил цитирам „консултиран од некои актери на политичката сцена“ за амнестија, па затоа сега мора да биде прецизен и јасен, да наведе кој тоа од политиката го консултирал Пендаровски пред неколку месеци за амнестија?, рече …

Повеќе »

Поради трка утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на атлетска трка утре од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Како што посочуваат, стартно/целната позиција на трката е на улицата „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“ по што се оди десно по десната коловозна …

Повеќе »

МНР: Нотата за руските дипломати е за активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека тројцата дипломати од Руската амбасада во Скопје се прогласени за непожелни во државава  на 12 месецов, поради информации добиени од надлежните органи за преземени активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи. -На 12- ти септември, во Министерството за надворешни работи беше …

Повеќе »