Breaking News

ВЕСТИ

Во Струга почнува Првата светска конференција за верски дијалог и соработка

Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје од денеска до 7 октомври во Струга ја организира Првата светска конференција за верски дијалог и соработка. Покровител на конференцијата е Министерството за култура на Република Северна Македонија.  На свеченото отворање, како што е најавено од организаторот, ќе се …

Повеќе »

Седница на собраниската Комисија за европски прашања

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 64-та седница. Предлог на закон за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој, во второ читање, е единствената точка на дневниот ред на оваа седница на Комисијата за европски прашања. цр/аа/Фото:МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Прогласување на добитните компании од повикот „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги прогласи добитните компании од јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”. Како што соопштија од Фондот за иновации и технолошки развој, на настанот што ќе се одржи во аулата на Ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, …

Повеќе »

Законот за амнестија доставен до Собранието, според премиерот тој не е правен за личности туку за дела од помал обем

Законот за амнестија е доставен до Собранието и ќе се носи по скратена постапка. Премиерот Димитар Ковачевски е дециден дека Законот не е правен за личности, туку за дела од помал обем со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети, а од опозицијата остануваат на ставот дека со Законот се опфатени …

Повеќе »

Спасовски: Засилени полициски контроли во Аеродром со цел превенција на насилство и девијантни појави

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој вечерва во скопската Општина Аеродром ги посети полициските службеници кои спроведуваат засилени активности, информираше дека од неодамна е зголемен бројот на полициските патроли во Центар, а во следниот период ќе има засилени полициски контроли и присуство на полиција во Аеродром со цел превенција …

Повеќе »

МФ: Повеќе средства за зелени инвестиции преку Фондот за енергетска ефикасност во Развојната банка, обезбедени 10 милиони евра од зелената обврзница

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Развојна банка на РС Македонија, предложени од Министерството за финансии, со кој се овозможи воспоставување Фонд за енергетска ефикасност преку кој директно ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност. Имено и средствата од денеска издадените зелени обврзници …

Повеќе »

Од утре почнува аплицирањето за зелена карта за САД

Сите заинтересирани граѓани од утре до 7 ноември годинава, до 18 часот, можат бесплатно да се пријавуваат на лотаријата за зелена карта за 2025 година. Кандидатите може да се пријават на официјалната веб-страница  на  американскиот Стејт департмент https://dvprogram. state. gov/ , на која има целосни инструкции. – Им препорачуваме на …

Повеќе »

ООУ „Партенија Зографски” во Кисела Вода доби повеќенаменско игралиште

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопственичката на модната компанија „Елена Лука”, денеска ја пресекоја лентата и со тоа го ставија во функција обновеното повеќенаменското и кошаркарското игралиште во ООУ „Партенија Зографски” во Кисела Вода. На игралиштето, кое се протега на површина од 935 метри квадратни, поставена …

Повеќе »

Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше утре без струја

Сите потрошувачи од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше утре од 9:00 до 17:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Електродистрибуција. Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што велат, е планиран зафат од страна на државната енергетска компанија ЕСМ. вј/нд/Фото: …

Повеќе »

Собранието ја усвои Предлог-одлуката за прераспределба на средства во Буџетот за 2023 година

Во Собранието денеска во рамки на 126. седница е усвоена Предлог-одлуката за прераспределба на средства во Буџетот за 2023 година, за која „за“ гласаа 62 и 10 воздржани пратеници. Со Одлуката се прераспределуваат 18,2 милиони за исплата на повисоките плати, зголемени пензии, регрес за годишен одмор за сите вработени во …

Повеќе »