Breaking News

ВЕСТИ

Расчистено убиството на македонскиот државјанин на Халкидики, сторителот е во притвор за двојно убиство во март

– Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишен, а повреден беше 45-годишен, двајцата државјани на Северна Македонија, а сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор кај нас, осомничен за учество во двојното убиство во …

Повеќе »

Рекордна трговска размена меѓу Кина и Русија во 2023 година

Трговската размена меѓу Кина и Русија достигна рекордно високо ниво во 2023 година, додека трговијата со САД падна по првпат од 2019 година, покажуваат податоците на кинеската царина. Кина и Русија разменија стоки и услуги во вредност од 240,1 милијарди долари минатата година, што е зголемување од 26,3 отсто во …

Повеќе »

ВМРO-ДПМНЕ: Европскиот фронт издиша како пукнат балон

Груби е малку нервозен кога бандитите од ДУИ се фатени на дело како прават упад во М-НАВ и тепаат вработени, не може да ја изманипулира јавноста зошто има снимки и има сведоци, а сепак судот под контрола на ДУИ ги ослободи. Но свесен е Груби дека граѓаните гледаат како се …

Повеќе »

Груби: Aнкетите велат дека европскиот фронт СДСМ-ДУИ-АА убедливо ќе победи на изборите на 8 мај

Aнкетите велат дека европскиот фронт СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците и други политички партии се победници на изборите на 8 мај годинава и тоа убедливо, изјави синоќа првиот вицепремиер и функционер на ДУИ Артан Груби. Во интервју за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 одговарајќи на прашањето како ќе настапат на претстојните …

Повеќе »

Најниската температура измерена утрово – 8 степени, во текот на денот до 9 степени

Најниска темпратура утрово е измерена во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија – 8 степени, во Крушево -7, во Куманово, Штип и Скопје-Петровец – 6, во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп – 5, во Кавадарци, Битола, Охрид и Претор -4, во Велес -3, во Дојран 0 и во …

Повеќе »

Електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија

Електронска аукција на која услов за добивање на тендерот за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“, денеска ќе се одржи во Скопје.  За повикот покрај постојниот универзален снабдувач …

Повеќе »

Одбележување 16 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, во која трагично загинаа единаесет армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг. Од Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека на спомен одбележјето на хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Генералштабот и …

Повеќе »

Презентација на националниот систем на интегритет на Северна Македонија

Во организација на Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска ќе бидат презентирани резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Северна Македонија. На отворањето на настанот ќе се обратат претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија Слаѓана Тасева, заменик амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау и  амбасадорот на Швајцарија, Вероник …

Повеќе »

Амбасадорот Гир во посета на Општина Неготино

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, денеска ќе ја посети Општина Неготино. Како што соопштуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, ова е десетта од серијата општински посети на Гир по отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година. Целта на посетите …

Повеќе »

Ирскиот премиер Лео Варадкар во официјална посета на Северна Македонија

Премиерот на Ирска, Лео Варадкар денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ќе го пречека неговиуот ирски колега по што ќе следуваат разговори меѓу нив и двете делегации. Ирскиот премиер ќе биде примен и од претседателот на државата Стево  Пендаровски. дма/ев/Фото: …

Повеќе »