СВЕТ

Дванаесет приведени по пожар во болница во Пекинг во кој загинаа најмалку 29 луѓе

Дванаесет лица се приведени во врска со пожарот во кој загинаа 29 луѓе во болница во Пекинг, вклучително и директорот на установата, соопшти градската полиција. Сун Хаитао од Бирото за јавна безбедност на Пекинг на прес-конференција изјави дека се приведени и претставници на компанија што ја реновирале болницата. Државната телевизија …

Повеќе »

Џо Бајден и неговата сопруга заработиле речиси 580.000 долари во 2022 година

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил ја објавија својата даночна пријава, според која двајцата заработиле речиси 580.000 долари минатата година и платиле данок од 23,8 отсто. Тие донирале околу 3,5 отсто од својот приход, односно 20.180 долари за 20 добротворни организации, вклучително и една поврзана со Синдикатот на …

Повеќе »

САД го повикаа НАТО на подготвеност за знаци за можна употреба на нуклеарно оружје на Русија во Украина

САД и НАТО сојузниците да останат во состојба на повишена спремност за знаци дека рускиот претседател Владимир Путин може да употреби тактичко нуклеарно оружје во „менаџирана“ ескалација на неговата војна во Украина, изјави синоќа Венди Шерман, заменичка државен секретар во американскиот Стејт департмент. Предупредувањето таа го даде на годишната конференција …

Повеќе »

НАТО ја почна најголемата вежба за кибер одбрана во светот

НАТО синоќа почна во Естонија најголема вежба за кибер одбрана во светот, со повеќе од 3.000 учесници од 38 земји, со цел да се развие подобра одбрана од софистицирани кибер закани. Вежбата Locked Shields се одржува секоја година, а домаќин е CCDCOE, еден од центрите на НАТО, лоциран во Талин, …

Повеќе »

Мексиканскиот претседател го обвини Пентагон за шпионирање и вети дека ќе ги ограничи воените информации

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор го обвини Пентагон за шпионирање на неговата влада, по протекување информации во американските медиуми. Тој додаде дека ќе започне со класификација на информациите од вооружените сили за да ја заштити националната безбедност. Неговите коментари се објавени неколку дена откако „Вашингтон пост“ објави за очигледни …

Повеќе »

Во Собранието ратификација на договорите за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја започне 111-та седница на која на предложениот дневен ред се 33 одлуки, закони и автентични толкувања. На дневен ред на седницата, меѓудругите, се Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија за враќање на …

Повеќе »

Презентација на Годишниот извештај за слобода на информирање на Западен Балкан

Во Скопје денеска ќе биде презентиран годишниот извештај на БИРН за слобода на информирање на Западен Балкан за 2022 година. Предвидени се две сесии, првата ќе биде посветена на презентација на извештајо, а втората е предвидена за дискусија за пречките и активностите во рамки на иницијативата „Отворено владино партнерство“. Ќе …

Повеќе »

Лавров во Венецуела за сојуз против „уцените“ од Западот

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на турнеја низ Јужна Америка, изјави синоќа во Каракас, Венецуела, дека е неопходно да се „здружат силите“ за да се спротивставиме на „уцените“ на Западот. „Неопходно е да се здружат силите за да се спротивставиме на обидите за уцена и нелегалниот едностран …

Повеќе »

СЗО: Во насилствата во Судан 270 загинати и 2.600 повредени лица

Во насилствата што од саботата избувнаа во Судан веќе се загинати 270 лица, а 2.600 се повредени, наведува Светската здравствена организација (СЗО), јави ДПА. „Ги осудувам сите загуби на животи и ние солидарно стоиме со нашите браќа и сестри во #Судан“, изјави денеска на Твитер генералниот директор на СЗО, Тедрос …

Повеќе »

Меркел одликувана со највисокото признание во Германија

На поранешната германска канцеларка Ангела Меркел вчера и беше доделено највисокото признание во земјата. Првата жена лидер во Германија, која се повлече од функцијата во декември 2021 година, беше одликувана со Федерален орден за заслуги од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер за време на церемонијата во палатата Белви во Берлин. На настанот …

Повеќе »