Breaking News

Дванаесет приведени по пожар во болница во Пекинг во кој загинаа најмалку 29 луѓе


Дванаесет лица се приведени во врска со пожарот во кој загинаа 29 луѓе во болница во Пекинг, вклучително и директорот на установата, соопшти градската полиција.


Сун Хаитао од Бирото за јавна безбедност на Пекинг на прес-конференција изјави дека се приведени и претставници на компанија што ја реновирале болницата.


Државната телевизија јави дека прелиминарната истрага открила дека пожарот бил предизвикан од „искри генерирани за време на внатрешното реновирање и изградбата на стационарното одделение на болницата“. зш/

Пекинг, 19 април 2023 (МИА)