Breaking News

НАТО ја почна најголемата вежба за кибер одбрана во светот


НАТО синоќа почна во Естонија најголема вежба за кибер одбрана во светот, со повеќе од 3.000 учесници од 38 земји, со цел да се развие подобра одбрана од софистицирани кибер закани.


Вежбата Locked Shields се одржува секоја година, а домаќин е CCDCOE, еден од центрите на НАТО, лоциран во Талин, главниот град на Естонија. Вежбата оваа година ќе трае до 21 април.


Вежбата вклучува одбрана на компјутерски системи од напади во реално време, како и известување за инциденти, донесување стратешки одлуки и решавање на форензички, правни и медиумски предизвици. зш/

Талин, 19 април 2023 (МИА)