СВЕТ

Казахстан ја отфрли идејата за Унија, темелена на моделот меѓу Русија и Белорусија

Казахстан денеска ја отфрли можноста за приклучување кон потесна унија слична на моделот меѓу Белорусија и Русија.  Француските медиуми пренесуваат дека Москва се обидува да го задржи своето влијание врз своите сојузници во Централна Азија. „Казахстан нема намера да создаде или да се приклучи на некоја унија на држави“, како …

Повеќе »

САД: Кина е способна за кибернапади врз клучната американска инфраструктура

– Стејт департментот предупреди дека Кина е способна да изврши кибернапади врз клучната американска инфраструктура, вклучувајќи нафта, гас и железнички системи, откако истражителите утврдија дека кинеска хакерска група ги шпионирала тие мрежи. Во предупредувањето од пред два дена откриено е дека кинеската кибершпионажа била насочена кон армијата и и владините …

Повеќе »

Тројца загинати во превртениот чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Миконос

– Безживотните тела на три лица се извлечени во спасувачката акција во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Миконос, откако се превртил чамец со мигранти, додека пак спасени се двајца, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека во морскиот дел биле откриени телата на …

Повеќе »

Медведев: Овој судир ќе трае многу долго, можеби и со децении

– Главниот соработник на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот претседател на Федерацијата и актуелен заменик-претседател на моќниот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека војната во Украина може да трае со децении, со долги периоди на борби исцртани со прекини на огнот, јавија руските медиуми, според кои, тој ова го …

Повеќе »

Шолц е подготвен на разговор со Путин „кога за тоа ќе дојде време“

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за Украина „кога ќе дојде време“. -Помина долго време од мојот последен телефонски разговор. Но, кога ќе дојде време, имам намера повторно да разговарам со Путин, рече Шолц во интервју објавено од дневниот весник …

Повеќе »

Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Миконос откако се преврти чамец со мигранти

– Две лица се спасени, откако се превртил чамец со мигранти во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Миконос, а според портпаролот на грчката крајбрежна служба на Грција Никос Кокалос, спасените изјавиле дека со нив се пренесувале уште шест лица, јави дописничката на МИА од Атина.  Кокалос за грчката државна …

Повеќе »

Непознат маж му пријде и го зграби Шолц, голем пропуст на обезбедувањето – според германските медиуми

Непознат 48-годишен маж, за кој само се наведува дека има грчко презиме, се приклучил на конвојот возила во кој бил германскиот канцелар Олаф Шолц во приватен автомобил, а кога конвојот пристигнал на пистата на аеродромот во Франкфурт, успеал да стигне до канцеларот, да го зграпчи и да го прегрне. Како …

Повеќе »

Компанијата „Неуралинк“ на Илон Маск доби одобрение од ФДА за истражување на мозочни импланти

Компанијата за импланти на мозокот на Илон Маск, „Неуралинк“ (Neuralink), вчера соопшти дека добила зелено светло од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) да го отпочне своето прво клиничко испитување врз луѓе. Маск од 2019 година повеќе пати предвидуваше дека неговата компанија за медицински помагала ќе почне со испитувања …

Повеќе »

Перуанскиот Парламент го прогласи мексиканскиот претседател Обрадор за персона нон грата

Перуанскиот парламент вчера го прогласи мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор за персона нон грата. Причината за тоа се вербалните напади на мексиканскиот лидер кон перуанската претседателка Дина Болуарте. Лопез Обрадор ја нарекува Болуарте „узурпатор“ и на почетокот на овој месец одби да ѝ го предаде претседателството со латиноамериканскиот трговски …

Повеќе »

Анкета на „Форса“: Само половина од Германците сметаат дека владината коалиција ќе преживее до крајот на мандатот

Само половина од Германците веруваат дека владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц ќе опстане до крајот на неговиот мандат, покажуваат резултатите од анкетата објавена вчера, а беше цитирана од британските медиуми. Во коалицијата, во која се Социјалдемократите, Зелените и бизнис-ориентираната Слободна демократска партија, неделава ескалира спорот за иднината на германскиот …

Повеќе »