Breaking News

СВЕТ

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул

– Најмалку 15 лица загинаа, а осуммина се повредени, од кои седум потешко, во пожар што избувна во ноќен клуб под повеќекатна зграда во истанбулскиот кварт Бешикташ, јави Анадолија. Во соопштението од Кабинетот на гувернерот на Истанбул се наведува дека пожарот избувнал во ноќен клуб лоциран на кат-1 и-2 во …

Повеќе »

Кипарската Влада бара координација со ЕУ за зголемените мигрантски бранови

– Зголемените мигрантски бранови на Кипар беа главната тема на вонредниот состанок на Советот за национална безбедност што утрово го свика кипарскиот претседател Никос Христодулидис, а владиниот портпарол Константинос Летибиотис истакна дека разговарале за различни мерки во координација со ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Летибиотис рече дека мнозинството …

Повеќе »

Русија ја обвинува Украина за шверц на експлозиви скриени во икони

– Руската домашна разузнавачка служба ФСБ денеска соопшти дека спречила обид на Украина да шверцува експлозиви во Русија. Како што пренесе ДПА, експлозивот бил скриен во православни икони и други предмети за црковна употреба, соопшти ФСБ во Москва. Нема независна потврда за овие информации, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков …

Повеќе »

САД изразија загриженост поради продлабоченото партнерство меѓу Русија и Кина

САД изразија загриженост по повод развојот на односите меѓу Русија и Кина, истакнувајќи дека тие одат во прилог на агресијата на Москва во Украина. Изјавата доаѓа по информациите дека претсдателот на Русија Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг имаат закажано самит идниот месец во Кина. – Јасно дадовме …

Повеќе »

Египетскиот претседател Сиси положи заклетва за третиот мандат

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска пред Парламентот положи заклетва за својот трет мандат на чело на најнаселената арапска земја. Сиси, кој е на власт една деценија, треба да остане на функцијата до 2030 година, откако победи на претседателските избори во декември, со 89,6 отсто од гласовите, во трката …

Повеќе »

Орбан в четврток во официјална посета на БиХ

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан в четврток, на 4 април, ќе пристигне во официјална посета на Босна и Херцеговина, беше потврдено денеска за Радио Слободна Европа (РСЕ) во Советот на министри на БиХ. Орбан, како што е најавено, ќе биде пречеан на сараевскиот аеродром од страна на министерот за надворешни работи …

Повеќе »

Велика Британија бара објаснување по смртта на британските хуманитарни работници во Газа

– Велика Британија го повика Израел „веднаш да ја истражи“ смртта на британски државјани во воздушен напад во Газа. Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека е „шокиран и тажен“ од извештаите дека седуммина хуманитарни работници од Светската централна кујна (WCK) биле убиени синоќа во Газа. Се претпоставува дека меѓу убиените …

Повеќе »

Кина: Шокирани сме од нападот во кој загинаа хуманитарните работници во Газа

Кина денеска соопшти дека е шокирана од нападот во Газа во кој загинаа седум хуманитарни работници на „Светска централна кујна“, што невладината организација им го припиша на израелските сили. Пекинг е „против секоја акција што влијае на цивилите, ја уништува цивилната инфраструктура или го крши меѓународното право“, изјави портпаролот на …

Повеќе »

Иранскиот ајатолах Хамнеи и шефот на државата Раиси со остра осуда на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи му се закани на Израел со одмазда откако двајца ирански генерали беа убиени во напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск. Иран и Сирија го обвинуваат Израел за нападот. „Злонамерниот режим ќе биде казнет од нашите храбри луѓе“, посочи Хамнеи во денешната изјава, пренесува ДПА. …

Повеќе »

Почина едно од трите ранети деца во пукањето во основно училиште во Финска

– Едно 12-годишно дете загина откако беше застрелано во основно училиште во финскиот град Вантаа, во близина на Хелсинки, соопшти денеска финската полиција, пренесе ДПА. Други две 12-годишници се тешко повредени, соопшти полицијата. Службите за итни случаи уапсија еден 12-годишен ученик пред училиштето. Осомничениот сторител со себе имал огнено оружје. …

Повеќе »