Breaking News

СВЕТ

Палестинците го обновуваат барањето за полноправно членство во ОН

Палестинската управа повторно побара да стане полноправна членка на Обединетите нации, се вели во писмото од вчера упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, јави ДПА. -Денес, државата Палестина, и по инструкции на палестинското раководство, испрати писмо до генералниот секретар во кое бара повторно разгледување на нашата апликација за …

Повеќе »

Песков: Русија ќе ги отстрани талибанците од својата листа на терористички организации

Русија соопшти дека има важни прашања за разговори со лидерите на авганистанските талибанци и дека работи на отстранување на талибанците од својата листа на забранети терористички организации. „Ова е земја која е со нас и ние комуницираме со нив на еден или друг начин“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, …

Повеќе »

Дипломатски извори: Столтенберг ќе предложи фонд за Украина од 100 милијарди евра

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе предложи создавање фонд од 100 милијарди евра за пет години за помош на Украина во војната против Русија, објавија синоќа дипломатски извори. За ова ќе разговараат 32-те земји од НАТО денеска на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, велат истите извори. …

Повеќе »

Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета со цврсто гориво

Северна Кореја денеска успешно тестираше нова хиперсонична ракета со цврсто гориво со среден до долг дострел, објавија севернокорејските медиуми. Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета со среден дострел со тестирање на ракета со цврсто гориво, што предизвика брза осуда од официјален Сеул, Јапонија и САД. Севернокорејскиот лидер …

Повеќе »

Трамп со навреди за илегалните мигранти: Тие се животни и нелуѓе

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на синоќешниот предизборниот митинг во Мичиген ги нарече илегалните имигранти во САД „животни и нелуѓе“. Тој наведе неколку злосторства извршени од илегални мигранти и предупреди дека САД ќе биде зафатена од насилство и хаос доколку тој не биде избран за претседател на 5 ноември. Зборувајќи …

Повеќе »

Мишел свика нова рунда консултации за Стратешката агенда за идните приоритети на ЕУ

– Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел упати покана до лидерите на земјите членки на ЕУ за одржување на нова рунда консултации за Стратешката агенда со која треба да се утврдат приоритетите на Унијата за следниот законодавен циклус.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во рамките на оваа …

Повеќе »

Најмалку четворица мртви во најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, а според засега достапните информации четири лица загинаа, а десетици се повредени. Бројот на жртви се очекува да се зголеми, наведуваат локални медиуми, посочувајќи дека станува збор за најсилниот земјотрес во последните 25 години во оваа …

Повеќе »

Херцог се извини поради загинувањето на седум хуманитарни работници во Газа

Израелскиот претседател Јицак Херцог вечерва упати извинување поради загинувањето на седум хуманитарни работници од американската невладина организацијата „Светска централна кујна“, во израелски напад во Појасот Газа. Претседателот Херцог „ја изразува својата длабока тага и искрено извинување поради трагичната смрт на работниците на Светската централна кујна синоќа во Појасот Газа, и …

Повеќе »

Белата куќа изрази огорченост по смртта на седум работници на невладина организација во израелски напад во Газа

Белата куќа изрази огорченост по загинувањето на седум вработени во невладината организација „Светска централна кујна“ во израелски напад во Појасот Газа, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер. Американскиот претседател Џо Бајден имал телефонски разговор со основачот на невладината организација – шпанскиот готвач Хозе Андрес, …

Повеќе »

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул

– Најмалку 15 лица загинаа, а осуммина се повредени, од кои седум потешко, во пожар што избувна во ноќен клуб под повеќекатна зграда во истанбулскиот кварт Бешикташ, јави Анадолија. Во соопштението од Кабинетот на гувернерот на Истанбул се наведува дека пожарот избувнал во ноќен клуб лоциран на кат-1 и-2 во …

Повеќе »