Breaking News

СВЕТ

Бајден ќе побара од Конгресот пакет помош од 100 милијарди долари за Украина, Израел, Тајван и миграциската криза

– Претседателот на САД, Џо Бајден ќе побара од Конгресот заеднички пакет помош од 100 милијарди долари за Украина, Израел, Тајван и миграциската криза на границата меѓу САД и Мексико, изјави неименуван извор од американската администрација. Барањето, за кое првпат објави Блумберг, а за кое Белата куќа сè уште не …

Повеќе »

Хрватскиот претседател Милановиќ од утре во дводневна официјална посета на Албанија

 Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, на 18 и 19 октомври ќе престојува во официјална посета на Албанија на покана на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, информираа од кабинетот на Бегај. За време на посетата Милановиќ ќе биде придружуван од првата дама на Хрватска, Сања Мусиќ- Милановиќ и официјална …

Повеќе »

Повторно судири на границата меѓу Либан и Израел

На границата меѓу Либан и Израел, каде израелските сили и вооружените групи од Либан имаа серија престрелки, денеска повторно избувнаа судири. Противтенковска ракета истрелана од Либан го погоди градот Метула во северниот дел на Израел, при што беа повредени три лица, според Медицинскиот центар Жив во Сафед. Неколку часа подоцна, …

Повеќе »

Галант: Припадници на Хамас имаат две опции – или да се предадат или да умрат

Припадниците на терористичката група Хамас имаат две опции во актуелната војна во Појасот Газа- или да се предадат или да загинат, соопшти денеска израелскиот министер за одбрана Јоав Галант. -Нашите авиони ќе стигнат насекаде. Секој проектил е адресиран. Ќе дојдеме до секој член на Хамас, рече Галант во обраќањето до …

Повеќе »

Израел го бомбардираше југот на Газа, убиени се десетици Палестинци

Израелската војска денеска го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, при што загинаа десетици луѓе, иако на Палестинците претходно им беше кажано да се евакуираат таму од север пред копнената офанзива. Во меѓувреме, посредниците се обидуваат да постигнат договор за испорака на помош за цивилите на таа густо населена територија, …

Повеќе »

За еден месец во Грција уапсени над 1.300 малолетници за малолетничка деликвенција

– Во текот на септември грчката полиција уапсила 1. 353 малолетници за 1. 201 случај на малолетничката деликвенција, тема за која надлежниот министер за заштита на граѓаните на Грција Јанис Иконому свика широк состанок, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот, како што соопштија од Министерството, биле договорени три …

Повеќе »

Врховниот суд на Индија одби да ги легализира истополовите бракови, прогласувајќи се за ненадлежен

Врховниот суд на Индија денеска одби да ги легализира истополовите бракови бидејќи, како што рече главниот судија, донесувањето на таков закон е надлежност на Парламентот. Советот од пет судии, предводен од главниот судија на Индија, Д. И. Чандрачудом слушна аргументи за ова прашање помеѓу април и мај оваа година, и …

Повеќе »

Во Украина пристигнаа американските тенкови „Абрамс“

Американската војска соопшти дека сите тенкови „Абрамс“ од американско производство што администрацијата на претседателот Џо Бајден му ги вети на Киев пристигнале во Украина. Во Украина пристигнаа 31 тенк, како и сите Украинци кои беа обучени на нив, заедно со муниција и резервни делови за тенковите, изјави полковникот Мартин О’Донел, …

Повеќе »

Версајската палата повторно евакуирана поради дојава за бомба

Версајската палата е повторно евакуирана „од безбедносни причини“ и ќе биде затворена за посетители цел ден. Како што јавија француските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата, палатата е евакуирана поради дојава за поставена бомба. „Почитувани посетители, од безбедносни причини, Версајскиот дворец денеска ги евакуираше посетителите и ги затвора вратите …

Повеќе »

Изборно ветување на Трамп: Ќе ги протерам сите имигранти што го поддржуваат Хамас

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека доколку биде реизбран за претседател следната година, ќе ги протера имигрантите кои го поддржуваат Хамас. Тој додаде дека ќе испрати полиција и на протестите кои го поддржуваат Хамас за апсење и депортирање на мигрантите кои јавно ја поддржуваат палестинската милитантна група. За време …

Повеќе »