Breaking News

СВЕТ

СБ на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за резолуцијата за Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска повторно ќе се обиде да гласа за резолуцијата за Газа, откако овој документ неколку пати беше одложуван поради неможноста да се постигне договор. Советот, широко критикуван за неговата неактивност од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, веќе неколку дена преговара за нов …

Повеќе »

Најмалку 12 загинати и 13 повредени во несреќа во рудник за јаглен во североисточна Кина

Најмалку 12 лица загинаа, а 13 се повредени во несреќа во рудник за јаглен во североисточна Кина, јавија денеска државните медиуми. Несреќата се случила во рудник лоциран на периферијата на градот Џиси, во провинцијата Хејлунгџанг, јави кинеската телевизија CCTV. Истрагата за причините за несреќата е во тек. Безбедноста во рудниците …

Повеќе »

Студениот бран во Кина постави нови рекорди

Во Кина денеска се забележани нови рекордно ниски температури во услови на постојан студ во земјата на крајот на годината во која имаше голем број екстремни метеоролошки појави. Националната метеоролошка служба извести дека рано утринава повеќе од 20 станици во повеќе делови од земјата забележале рекордно ниски температури за декември. …

Повеќе »

Тојота во САД повлекува милион возила поради неисправни сензори за воздушни перничиња

  Тојота Моторс соопшти дека ќе повлече милион свои возила во САД поради дефект на сензорот што може да предизвика краток спој и да ги деактивира воздушните перничиња. Поради дефекти на сензорот повлекувањето ги опфаќа возилата од 2020 до 2022 година кои вклучуваат различни модели Avalon, Camry, Corolla, RAV4, Lexus …

Повеќе »

Кои се јеменските бунтовници Хути и зошто напаѓаат бродови?

Бунтовниците Хути, кои контролираат големи делови од Јемен, предупредија дека ќе ги нападнат сите бродови што пловат низ Црвеното Море на пат кон Израел. Во ноември, тие киднапираа товарен брод со врски со израелски имот во Црвеното Море. . Извор: МИА

Повеќе »

Марлс: Австралија ќе испрати 11 војници за поддршка на американските операции против Хутите во Црвеното Море

Австралија ќе испрати група од 11 војници како поддршка на мисијата предводена од САД за заштита на пловните патишта во Црвеното Море, но нема да испраќа воени бродови или авиони, изјави денеска министерот за одбрана Ричард Марлс. Тој додаде дека австралиската војска треба да остане фокусирана на регионот на Пацификот. …

Повеќе »

Харис: САД имаат план за испраќање сојузнички астронаути на Месечината

САД планираат да испратат астронаути од сојузничките земји на Месечината како дел од својата вселенска програма, најави потпретседателката на САД Камала Харис.  Испраќањето граѓани на други земји на површината на Месечината ќе се одвива како дел од програмата „Артемис“ на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА), јавува Си-Ен-Ен.  -Како …

Повеќе »

Украина информира за нов ноќешен руски напад со 35 дронови

Украина денеска соопшти за нов ноќен напад од Русија – со 35 дронови „Шахед“ од иранско производство, од кои 34 се соборени. Нападите беа извршени „во бранови“ во текот на ноќта, од Чауда (на окупираниот полуостров Крим), од градот Приморско-Ахтарск (на источниот брег на Азовското Море) и од градот Курск, …

Повеќе »

Се урна хеликоптер на телевизиска станица од Филаделфија, загинаа пилотот и снимателот

Хеликоптер на ТВ станицата ВПВИ-ТВ 6 од Филаделфија се урна недалеку од Вашингтон, додека се враќаше од новинарска задача во Њу Џерси, при што загинаа пилотот и снимателот, соопштија денеска локалните власти. Истражителите денеска трагаат по докази за причината за урнувањето на хеликоптерот. Телевизиската станица од Филаделфија го идентификуваше пилотот …

Повеќе »

Руско-арапскиот форум во Маракеш повика на итна конференција за палестинското прашање

Учесниците на шестата сесија на Руско-арапскиот форум за соработка во Маракеш повикаа итно да се свика меѓународна мировна конференција за палестинското прашање. „Министрите повикуваат да се свика меѓународна мировна конференција што е можно поскоро. На конференцијата би започнал кредибилен мировен процес заснован на меѓународното право“, се вели во заедничката декларација. …

Повеќе »