Breaking News

СВЕТ

Гутереш: Светот влегува во ера на хаос, поделбите го парализираат Советот за безбедност на ОН

– Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска предупреди дека светот влегува во „ера на хаос“ и оти се потребни важни реформи, изразувајќи жалење за поделбите што го парализираат Советот за безбедност на ОН. Презентирајќи ги приоритетите за 2024 година пред Генералното собрание на ОН, Гутереш рече дека владите …

Повеќе »

Илјадници Словаци протестираа против укинувањето на функцијата специјален обвинител за криминал и корупција

– Неколку илјади луѓе се собраа денеска пред словачкиот парламент за да го изразат своето незадоволство од планот на популистичкиот премиер Роберт Фицо да ја укине функцијата специјален обвинител за тежок криминал и корупција. Протестот се случи во моментот кога пратениците ја привршуваа расправата за предложените законски измени на Кривичниот …

Повеќе »

Русите денеска нападаа шест области низ Украина, Борел морал да се засолни

– Најмалку пет цивили загинаа, а речиси 50 се ранети во рускиот напад утринава со крстаречки и балистички ракети и дронови врз шест области ширум Украина, соопштија вечерва локалните власти. Цел на нападите беа три големи градови, меѓу кои и Киев, каде шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска разговараше …

Повеќе »

Извештај: Русија и Северна Кореја претставуваат закана по националната безбедност на САД

Националната безбедност на САД е под ризик бидејќи Русија се снабдува со американски воени производи а Северна Кореја ги интензивира кибер нападите против западниот финансиски систем, се вели во најнов извештај на Министерството за финансии. Документот објавен денеска е посветен на ризиците поврзани со перење пари, финансирање на тероризмот и …

Повеќе »

Кремљ: Такер Карлсон го интервјуираше Путин

– Американскиот новинар Такер Карлсон го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, потврди Кремљ. Карлсон синоќа ги објави своите планови за интервју со рускиот претседател. Видео најавата до вечерва ја погледнаа повеќе од 85 милиони корисници на платформата X. Во видео пораката, Карлсон вели дека го интервјуирал Путин „бидејќи тоа е …

Повеќе »

Вучиќ на средба со Писториус: Различни ставови по прашањето за Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград се сретна со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, по што порача дека имаат различни ставови за Косово и дека се согласиле дека мирот и стабилноста се од клучно значење за сите во регионот и Европа и дека нестабилноста не е во ничиј интерес, …

Повеќе »

Во Србија драстично зголемен бројот на заболени од грип и респираторни инфекции, регистриран и случај на мали сипаници

Во Србија во последните денови драстично е зголемен бројот на заболени од респираторни инфекции и грип. Според податоците на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, од 29 јануари до 4 февруари биле пријавени 15. 110 случаи на заболени слични на грип, додека во неделата што претходела …

Повеќе »

Обновен е пристапот до Интернет во Сенегал

– Обновен е пристапот до Интернет во Сенегал, два дена откако владата воведе рестрикции и ги одложи претседателските избори во земјата, што беа закажани за 25 февруари, соопшти организацијата за набљудување на Интернет НетБлокс, цитирана од британските медиуми. „Останува нејасно дали закрепнувањето на Интернет ќе продолжи“, објави групата. Властите во …

Повеќе »

Хрватскиот Сабор го изгласа Иван Турудиќ за нов државен обвинител

Судијата Иван Турудиќ денеска стана главен државен обвинител на Хрватска, откако пратениците во Собранието гласаа за негово именување. Тој е избран со 78 гласови за, 60 против и двајца воздржани. Турудиќ доаѓа на предлог на премиерот Андреј Пленковиќ, а изминативе денови се најде во центарот на голем скандал поради пораките …

Повеќе »

Горниот дом на рускиот Парламент го одобри предлог-законот за одземање на имотот на осудените за дискредитирање на армијата

По кратка расправа, Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, денеска го одобри нацрт-законот со кој се дозволува конфискација на пари, вредни предмети и други средства на лица осудени за „намерно ширење лажни информации“ за руската војска. Предлог-законот, кој исто толку брзо беше одобрен од Државната дума (Долниот дом …

Повеќе »