СВЕТ

ОН апелира да се спречи нова ескалација на тензиите на Блиски Исток

– Заменичката на генералниот секретар на ОН за политички прашања Розмари ди Карло на вчерашниот состанок на Советот за безбедност на ОН ги повика сите земји да спречат нова ескалација на тензиите на Блиски Исток. – Го повикувам СБ да продолжи активно да соработува со сите страни за да се …

Повеќе »

Германско-турски писател осуден на затвор за поттикнување омраза

Германско-турскиот писател Акиф Пиринчи беше осуден вчера пред окружниот суд во Бон на девет месеци затвор без помилување поради поттикнување омраза. Шеесет и четиригодишникот е казнет поради непријателски изјави за имигрантите на неговиот блог. Неговиот адвокат Мустафа Каплан за ДПА изјави дека тој веќе поднел жалба на пресудата, која се …

Повеќе »

Речиси 40 загинати во судирите долж спорната граница меѓу Судан и Јужен Судан

Речиси 40 луѓе, од кои многумина цивили, загинаа кон крајот на минатата недела во судирите во спорниот пограничен регион Абјеј меѓу Судан и Јужен Судан. Стотици побарале азил од мировниците на ОН стационирани таму. -Во нападите на 2 и 3 февруари изгореа неколку продавници, беше извршен грабеж, вкупно 19 цивили …

Повеќе »

Источниот дел на Канада парализиран од силна снежна бура

– Снежна бура го парализираше источниот дел на Канада, а на некои места снежната покривка достигна и до еден метар. Поради невремето отежнат е сообраќајот, продавниците, училиштата и институциите се затворени, а има и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во регионот Кап Бретон е прогласена вонредна состојба поради снегот. …

Повеќе »

Блинкен посетата на Блиски Исток ја почна од Саудиска Арабија

– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен петта посета на Блискиот Исток ја почна од Ријад со средба со саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман. Целта на неговата посета е да постигне напредок во договорот за прекин на огнот и повоеното планирање за иднината на Појасот Газа, а истовремено да ги намали …

Повеќе »

Дванаесет членови на антиџихадистичпката милиција загинаа во тепачка со бандите во Нигерија

Дванаесет борци на антиџихадистичката милиција во Нигерија беа убиени во судири со бандити во северозападниот дел на оваа населена африканска земја, изјавија извори од милицијата, пренесе Бета. Припадниците на локалните милиции, обучени да се борат со џихадистите, тврдат дека убиле десетици бандити вчера во битките во сојузната држава Сокото. -Убивме …

Повеќе »

Борел: Нема оправдување за осакатувањето на женските гениталии, наскоро ЕУ ќе ја криминализира оваа практика

Осакатувањето на женските гениталии претставува кршење на човековите права и форма на насилство врз девојчињата и жените, за кое нема оправдување, се наведува во пораката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел упатена во име на Европската комисија по повод Меѓународниот ден на нулта толеранција …

Повеќе »

Бајден и Трамп со реакции за здравствената состојба на кралот Чарлс Трети

– Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е загрижен за британскиот крал Чарлс Трети, кому му е дијагностициран рак. Бајден рече дека подоцна ќе му се јави на британскиот монарх. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се кандидира за реизбор, на својата социјална мрежа „Truth Social“ рече дека кралот е …

Повеќе »

Галант: Воените операции во северниот дел на Газа ќе траат со месеци

– Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека продолжувањето на операциите на израелската армија на северот на Газа ќе трае со месеци и оти армијата планира да ја продолжи офанзивата и на југ се додека Израел целосно не ја контролира целата територија. Најавата на Галант на прес-конференцијата се …

Повеќе »

Лајчак вели дека ги следи последиците од одлуката на Централната банка на Косово

– Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека внимателно ја следи ситуацијата на Косово и последиците од одлуката на Централната банка на Косово, која како што рече, влијае на српската заедница во Косово. Тој денеска на Фејсбук објави дека минатата недела бил …

Повеќе »