Breaking News

СВЕТ

Здравствената состојба на папата Франциск и натаму е лоша

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск поради лошата здравствена состојба денеска не беше во можност да ги прочита своите белешки ниту сам да се качува по скалите на својот папамобил. Поради долготрајни проблеми со дишењето и подвижноста, 87-годишниот папа побарал од својот помошник на плоштадот „Свети Петар“ да прочита запис …

Повеќе »

Филипини нема да и дозволи на Кина да го отстрани нејзиниот пункт од спорниот брег во Јужно Кинеско Море

Филипините нема да и дозволат на кинеската морнарица да ја отстрани филипинската воена станица од спорниот брег во Јужното Кинеско Море, изјавија денеска претставници на филипинската морнарица. Соопштението доаѓа еден ден откако филипински брод беше оштетен, а четворица членови на екипажот беа повредени во судир со кинески брод во Јужното …

Повеќе »

Гари Каспаров ставен на руската листа на терористи и екстремисти

Светскиот шампион во шах Гари Каспаров е додаден на листата на терористи и екстремисти, соопшти денеска Федералната служба за финансиски надзор на Руската Федерација (Росфинмониторинг). „Гари Каримович Каспаров, роден на 13 април 1963 година, во Баку, во Азербејџанската автономна Советска Социјалистичка Република, е на списокот“, соопшти Росфинмониторинг, пренесена од руските …

Повеќе »

Лидерот на бандите на Хаити се заканува со граѓанска војна ако премиерот не поднесе оставка

Џими Шеризjе, водачот на вооружената банда Г9, познат по прекарот Барбикју, која прави пустош во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, се закани денеска со граѓанска војна доколку премиерот на таа земја Ариел Анри не поднесе оставка, јавува Би-Би-Си. Јавната закана тој ја упати додека членовите на неговата банда се обидуваа …

Повеќе »

Воздушен напад во Одеса додека во украинскиот град се Мицотакис и Зеленски

– Не постои никаков проблем во однос на безбедноста на премиерот и грчката делегација, брифираат грчки владини извори по информациите дека во Одеса бил извршен воздушен напад, а во украинскиот град денеска е премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, кој според неофицијални извори се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски, …

Повеќе »

Гроси пред средбата со Путин: Напнати разговори со руски претставници

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека со рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара за нуклеарната централа Запорожје, додавајќи дека разговорите со другите руски претставници беа напнати, пренесе Бета. Нуклеарната централа во Запорожје во јужна Украина е под руска контрола од март 2022 …

Повеќе »

Песков: Русија не ги признава налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд

– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија не ги признава налозите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на двајца руски офицери обвинети за воени злосторства во Украина. Ние не сме страна (потписничка) на Римскиот статут. Не ги признаваме налозите за апсење на овој суд, наведе Песков. …

Повеќе »

Романски европарламентарец бара во следниот состав на ЕК да има комесар за дезинформации

Следната Европска комисија треба да има портфолио за борба против дезинформациите, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин го користи како оружје за слабеење на демократијата со поттикнување недоверба во ЕУ, смета романскиот европратеник Еуген Томак. На настанот организиран од романската медиумска компанија ХотЊуз, Томак рече дека е исклучително важно Комисијата да …

Повеќе »

ЕК создава поморски хуманитарен коридор за поддршка на населението во Газа

Претседателката на Европската комисија Усрула фон дер Лајен планира неделава да отпатува за Кипар за да го поттикне формирањето на хуманитарен коридор за поддршка на населението во Газа преку овој остров во Средоземното Море, изјави денеска нејзиниот портпарол.  -Нашите напори се фокусирани на обезбедување помош за Палестинците, рече портпаролот за …

Повеќе »

ОАЕ и Египет извршија трета испорака на хуманитарна помош во Газа

Оперативната команда на Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопшти за третата успешна испорака на хуманитарна помош во северниот дел на Газа, извршена од воздухопловните сили на ОАЕ и на Египет, јавија медиумите во ОАЕ. Обезбедувањето поддршка е дел од иницијативата насочена кон ублажување на страдањата на опустошениот …

Повеќе »