Breaking News

СВЕТ

Грција одобри купување седум противпожарни авиони од Канада

Грција одобри купување на седум противпожарни авиони од Канада за да ја зајакне својата одбрана од шумски пожари кои направија хаос низ земјата во последните години. Парламентот синоќа даде зелено светло за набавка на седум противпожарни авиони ДХЦ-515 од канадската комерцијална корпација за 361 милион евра. Според договорот, авионите мора …

Повеќе »

Плакало: Политичарите во БиХ имаат поголеми обврски од синоќа

Генералниот секретар на Европското движење во Босна и Херцеговина, Харис Плакало денеска изјави дека синоќешната одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите со БиХ е надеж за граѓаните на Босна и Херцеговина за подобро утре. -Прво, ова е навистина голем чекор напред и напредок за Босна и Херцеговина, а …

Повеќе »

САД ја предупредуваат Украина да престане со нападите врз руската енергетска инфраструктура

САД ја повикаа Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура, предупредувајќи го Киев дека нападите со беспилотни летала ризикуваат да ги зголемат глобалните цени на нафтата и да предизвикаат одмазда, објави британскиот „Фајненшл тајмс“, цитирајќи три извори „запознаени со дискусиите“, пренесе БТА. Повторените предупредувања од Вашингтон беа упатени …

Повеќе »

Зеленски: Големи руски напади со ракети и дронови, изразувам сочувство до семејствата на загинатите

Во текот на претходната ноќ, Русија лансираше околу 90 проектили и 60 експлозивни беспилотни летала кон Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека во тие напади има загинати. „Имаше повеќе од 60 Шахед (вид на експлозивно беспилотно летало) и речиси 90 проектили од различни типови“, напиша Зеленски на социјалните …

Повеќе »

Блинкен во посета на Израел како дел од напорите за постигнување прекин на огнот во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Израел, како дел од интензивните дипломатски напори за време на турнејата низ регионот на Блискиот Исток за да се постигне „траен и моментален прекин на огнот“ во Газа и да се одврати израелската офанзива во Рафа. Блинкен треба да се сретне со …

Повеќе »

ОН: Зголемениот недостиг на вода може да поттикне конфликти ширум светот

Зголемениот недостиг на вода може да поттикне конфликти ширум светот, предупредија Обединетите нации, јави ДПА. На глобално ниво, 2,2 милијарди луѓе немаат пристап до безбедно управувана вода за пиење, а 3,5 милијарди немаат пристап до безбедно управувана санитација, според извештајот на Организацијата за образование, наука и култура на ОН, УНЕСКО, …

Повеќе »

Швајцарскиот суд казни четворица демонстранти поради транспарентот „Убиј го Ердоган“.

Швајцарскиот суд казни четири лица за транспарент употребен за време на протестот во Берн во 2017 година против турската влада, на кој, покрај зборовите „Убиј го Ердоган“, беше прикажан и пиштол вперен во ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Високиот суд во Берн прогласи четворица демонстранти за виновни за …

Повеќе »

Алжир најави дека на 7 септември ќе одржи предвремени претседателски избори

Алжир денеска соопшти дека ќе одржи предвремени претседателски избори на 7 септември годинава. „Донесена е одлука да се организираат предвремени претседателски избори на 7 септември 2024 година“, објави алжирското претседателство во соопштението објавено по состанокот со кој претседаваше претседателот Абделмаџид Тебун. На средбата учествуваа и премиерот, претседателите на двата дома, …

Повеќе »

Цените на нафтата во пад поради потенцијалниот прекин на огнот во Газа

Цените на нафтата „потонаа“ на почетокот на азиското тргување денеска поради изгледите за конечен прекин на огнот во Газа. Тоа би можело да ги олабави глобалните резерви на нафта. Во исто време, посилниот американски долар и послабите цени на нафтата го намалија расположението за побарувачката. Нафтата „брент“ поевтини за 18 …

Повеќе »

Советот за безбедност на ОН денеска одлучува за американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за нацрт-резолуцијата на САД со која се бара итен прекин на огнот во Газа и договор за заложници меѓу Израел и Хамас. Со тоа, САД ќе го зголемат притисокот врз Израел, со цел да дозволат поголема хуманитарна помош и подобро да ги …

Повеќе »