Breaking News

ЛОКАЛНО

Општина Делчево лани издвоила 6,3 милиони денари за реализација на програмата за социјална заштита

Општина Делчево минатата година издвоила 6,3 милиони денари за реализација на програмата за социјална заштита. Според извештајот на реализација на оваа програмата, Сузана Петровска од Општина Делчево, истакна дека најголем дел од средствата се искористени за реализација на повеќе мерки, проекти и активности во насока на зголемена поддршка на повеќе …

Повеќе »

Во Велес започна реконструкцијата на дел од главната улица „Благој Ѓорев“

Општина Велес денеска започна со реконструкција на дел од улица „ Благој Ѓорев“, а градежните зафати ќе се одвиваат на потегот од градинката во населбата Тунел до бензинската пумпа „Ве-Оил“. Како што информираат од Општина Велес, изведбата на градежните работи односно нивното завршување ќе зависи од временските услови.ад/

Повеќе »

Приходите во основниот буџет на Општина Зрновци за минатата година остварени со висока стапка од 96 отсто

Локалната самоуправа на Зрновци минатата година остварила висока стапка на реализација на вкупните приходи, при што собрани се близу 92 отсто од средствата неопходни за нормално тековно работење и за комплетирање на почнатите проекти. Иако е една од најмалите во државата, Општината успеа од планираните околу 49,5 милиони денари, на …

Повеќе »

Набавени нови носии за машката играорна група од КУД „Јане Сандански” – Пехчево

Домот на културата „Јане Сандански” од Пехчево набави нова малешевска народна носија која ќе ја користат членовите на фолклорната група која настапува во склоп на установата. Директорката на КУД „Јане Сандански” – Пехчево, Валентина Веселинска истакна дека народните носии ќе бидат од огромна корист за негување на фолклорот и претставување …

Повеќе »

119 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возачи. Од нив пет возилa се движелe со над 50 километри на час повеќе …

Повеќе »

На Попова Шапка снежна покривка од 83 сантиметри

Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде во седум часот се измерени минус шест степени и има снежна покривка од 83 сантиметри. Во Маврови Анови се регистрирани минус четири степени, Лазарополе и Крушево минус три, Берово минус два, Крива Паланка минус еден, нула степени во Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Виница, …

Повеќе »

120 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на …

Повеќе »

Слаби врнежи од снег во Тетово, Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево

Слаби врнежи од снег, кои не претставуваат проблем за сообраќајот, има во Тетово, Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема …

Повеќе »

Облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег

Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а …

Повеќе »

Кавадарци ќе добие спомен куќа за 12 Ваташки младинци фонтана во кружен тек Сашко Гешовски со партерно уредување

Изградба на спомен куќа во чест на 12 Ваташки младинци и фонтана и постојка во кружен тек Сашко Гешовски со партерно уредување. Ова се само дел од проектите што денеска ги најави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Во просториите на локалната самоуправа, денеска за прв пат јавно беше презентиран планот за …

Повеќе »