Breaking News

ЛОКАЛНО

Променливо облачно и студено со слаб до умерен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер …

Повеќе »

Магла на патот Тетово-Попова Шапка

На патниот правец Тетово-Попова Шапка поради магла има намалена видливост од 40 до 50 метри. На останатите патни правци низ државата, како што попладнево соопшти АМСМ, сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/вј/

Повеќе »

176 санкционирани возачи во Скопје: 46 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство …

Повеќе »

Без струја утре дел од село Лисиче

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од селото Долно Лисиче, после надвозникот десно кон село Драчево. Од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информираат дека прекинот ќе биде од 08:30 до 13 часот. бак/ 2023-01-29 09:23:58, од Билјана Анастасова-Костиќ

Повеќе »

Каква е состојбата на патишта денеска?!

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна …

Повеќе »

69 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола, меѓу нив и возач со измерени 2,61 промили алкохол

  Денеска (28.01.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 69 возачи. Од нив, 46 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 …

Повеќе »

Се збратимија Василево и турската општина Согут

Градоначалникот на Oпштина Василево, Славе Андонов и претставник на градоначалникот на општина Согут, Република Турција, потпишаа документ за збратимување на двете општини. Како што информираат од Општината, во документот, меѓу другото, стои дека ваквиот чин има заедничка цел за зголемување на соработка во областа на културата, економијата, социјалната заштита и …

Повеќе »

Сообраќајот се одвива непречено, слаб снег во Крива Паланка, Крушево, Павлешенци и Берово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Крушево, Павлешенци и Берово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец …

Повеќе »

139 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на …

Повеќе »

Преку „Систем 48“ лани решени 710 проблеми на граѓаните на Струмица

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ лани биле решени 710 проблеми од вкупно пријавените 765 од страна на граѓаните, информираа денеска од Општина Струмица. Според информацијата од локалната самоуправа, за останатите 55 е потребно повеќе време и истите се проследени до надлежните служби и се во …

Повеќе »