Breaking News

ЛОКАЛНО

ЦУК: Отстранета опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско

Отстранета е опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. – Центарот за управување со кризи, по добиената информација на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, презеде превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар …

Повеќе »

Од утре на Пониква почнува сезоната за ноќно скијање

Од утре во зимскиот рекреативен центар Пониква на Осоговските Планини почнува сезоната за ноќно скијање. Последните врнежи од снег и релативно ниските температури овозможија скијачките патеки да бидат добро подготвени поради што од концесионерот „Еурокомерц“ – Кочани најавуваат продолжување на дневните со ноќни термини за користење на условите што се …

Повеќе »

Од вечер врнежи од снег и на пониските места, од следната седмица минусни температури

Денеска попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет. До изутрина на планините снежната покривка ќе се зголеми, а ќе се формира помала снежна покривка и на некои пониски места, особено во северните делови. Во Скопје во …

Повеќе »

Општина Тетово распиша конкурс, ќе финансира проекти од културата, образованието, спортот и социјалната заштита

Општина Тетово на својата интернет страница објави конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата, образованието, спортот и социјалната заштита од интерес на градот за 2023 година. Конкурсот е објавен вчера, 1 февруари, и ќе трае 10 дена од денот на објавувањето. -Општина Тетово од сопствениот буџет за …

Повеќе »

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Стража – Гостивар

Сообраќајот на патниот правец Стража – Гостивар, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран, информираат од АМСМ. Сообраќајот утрово беше во целосен прекин на два километри од Стража кон Гостивар. дма/са/

Повеќе »

Екипи на „Охридски комуналец“ ги чистат плажите од цврст отпад

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ спроведуваат активности за чистење на источниот брег на Охридското Езеро, поточно крајбрежниот појас на потегот од населбата „Даљан“ во градот до Свети Наум. Од претпријатието посочуваат дека се подигнува тешко разградлив комунален отпад оставен од несовесни граѓани, како и отпадот што го исфрла езерото на …

Повеќе »

Без вода дел од жителите на Батинци

Без вода денеска од 10 часот се дел од жителите од скопското село Батинци во општина Студеничани. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „1“ без број во Батинци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот. мд/дма/

Повеќе »

240 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (01.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи. Од нив девет возила се движеле со над 50 километри на час повеќе …

Повеќе »

Без струја утре улицата „Финска“, без вода дел од општините Центар и Карпош

Поради технички зафати во електро – дистрибутивната мрежа, утре без струја од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците на ул. „Финска“ од бр. 100 до бр. 108 во Општина Гази Баба, информираат од РЦУК на Град Скопје. Оттаму посочуваат дека поради поврзување од стара на нова водоводна …

Повеќе »

Утре сончево со умерена облачност, попладнето со повремени врнежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, …

Повеќе »