Breaking News

Општина Тетово распиша конкурс, ќе финансира проекти од културата, образованието, спортот и социјалната заштита


Општина Тетово на својата интернет страница објави конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата, образованието, спортот и социјалната заштита од интерес на градот за 2023 година.


Конкурсот е објавен вчера, 1 февруари, и ќе трае 10 дена од денот на објавувањето.


-Општина Тетово од сопствениот буџет за 2023 година ќе врши распределба на финансиски средства на културни, образовни, спортски здруженија и невладини организации кои дејствуваaт на територијата на општина и кои дават посебен придонес во развојот и афирмацијата на општина Тетово. Пријавите заедно со потребната документација, се доставуваат во архивата на општина Тетово, ул. „Дервиш Цара“ бр.68, со назнака „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата, образованието, спортот и социјалната заштита од интерес на градот Тетово за 2023 година, бирајќи ја областа и точката за која се конкурира, се вели во конкурсот.

На интернет страницата на општина Тетово се наоѓаат и потребните документи и барања кои треба да се пополнат од страна на апликантите. ас/мд/