Breaking News

ЛОКАЛНО

Дел од Сопиште без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Сопиште. Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од Нова Брезница, делот од селото кој гравитира кон патот за кон Кула во Општина Сопишт. фф/мд/Фото: МИА Архива …

Повеќе »

Панел дискусија за улогата и позицијата на жената во бизнис светот

– Родовата еднаквост е предизвик со кој се соочуваат сите земји во светот. Ако индексот на целосна родова еднаквост е 100 до 100, ние со 64 од 100 сме понапред од земјите во Западен Балкан, но сме далеку од скандинавските земји кои се најдобри во светот со индекс од 80 …

Повеќе »

Петровска: Продолжуваме со поддршката за Украина, во Северна Македонија реализирана првата обука на украински војници

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вечерва во Тема на денот, во Дневникот на Македонската телевизија, информираше дека е реализирана обука на украински војници во Северна Македонија, со што, како што рече, се потврдува нашата заложба за континуирана поддршка кон правото на Украина да се одбрани од руската агресија. -Се понудивме …

Повеќе »

Петровска: Со оглед на однесувањето на руската надворешна политика, не гледам зошто Лавров би дошол во Скопје

Министерката Славјанка Петровска на одговор на новинарско прашање во вечерашното издание на Тема на денот во Дневникот на Македонската телевизија одговори и за можното учество на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на состанокот на ОБСЕ во Скопје, при што истакна дека ако предвид се има однесувањето на …

Повеќе »

Ковачевски – Спајиќ: Северна Македонија и Црна Гора засилено се подготвуваат и на дело ја покажуваат подготвеноста за членство во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Владата остварил средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, кој е во работна посета на Северна Македонија заради учество на неформалниот состанок на лидери од НАТО од регионот. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски на својот црногорски колега Спајиќ му го честитал изборот …

Повеќе »

Пендаровски: Посетата на Столтенберг на Западен Балкан ја демонстрира посветеноста на НАТО кон стабилноста на регионот

Севкупната соработка со НАТО во рамки на нашето полноправно членство во Алијансата и можностите за нејзино унапредување, надворешно-политичките приоритети на земјата и актуелните регионални безбедносни прашања и состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина и случувањата на Блискиот Исток, биле во фокусот на средбата на претседателот …

Повеќе »

Џафери и Столтенберг споделија очекувања дека Република Северна Македонија наскоро ќе стане земја-членка на ЕУ

Претседателот на Собранието Талат Џафери оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на која изразиле очекување дека Северна Македонија наскоро ќе стане земја-членка на ЕУ, покажувајќи спремност и визија сите политички фактори во земјата да придонесат во светлата иднина на граѓаните на оваа земја, на сегашните и идните …

Повеќе »

Столтенберг: На утрешниот состанок ќе разговараме за Западен Балкан и безбедносните прашања

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг информираше дека на утрешниот неформален состанок на лидерите на НАТО сојузници што ќе се одржи во Скопје, ќе разговараат за Западен Балкан и безбедносните прашања во поширок контекст, како што е руската воена агресија против Украина и активностите во регионот. Столтенберг потенцира дека Западниот Балкан …

Повеќе »

Столтенберг: Северна Македонија е ценет сојузник на НАТО (ДПЛ)

Република Северна Македонија е ценет сојузник на НАТО. Навистина ве цениме и многу ги цениме вашите придонеси кон нашата Алијанса. НАТО може да се потпре на Северна Македонија, а Северна Македонија може да се потпре на НАТО, изјави денеска на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со …

Повеќе »