Breaking News

ЛОКАЛНО

Спасовски: Набавката на нова опрема за следење комуникациии не е на МВР, се следат разговорите само оние за кои има судска наредба

Шпекулација е дека се следат разговори на сите, се следат само оние за кои има судска наредба, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашањето од пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во врска со набавката на новата опрема за следење …

Повеќе »

Опозицијата побара седница на Комисијата за изборите и именувањата за утврдување на листа на кандидати за член на ДИК

Пратеници од опозициските македонски и албански партии во рамки на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата побараа да се закаже седница за утврдување на листата на пријавени кандидати за избор на член на Државната изборна комисија (ДИК). Претседателката на Комисијата Марија Георгиевска рече дека по …

Повеќе »

Усвоени измени на Уредбата за канцелариско и архивско работење 

На предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Владата усвои измени на Уредбата за канцелариско и архивско работење, со што ќе се овозможи институциите да работат целосно дигитално со употреба на електронски потписи, соопшти владината прес-служба. – Ова е итно решение со …

Повеќе »

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, …

Повеќе »

Мухамед Зеќири доби казна затвор од две години и шест месеци

– Казна затвор од две години и шест месеци доби поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службената положба и овластување. Во казната затвор му се засметува и времето поминато во притвор и во куќен притвор.  Според пресудата која денеска ја објави судијката Фанка Јанчуловска Михаиловски, осомничениот …

Повеќе »

Блокиран патот Градско – Прилеп кај село Дреново во двата правци поради протест

Патот Градско – Прилеп кај село Дреново во 12:30 часот е блокиран во двата правци поради протест, информираа од АМСМ.  На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно, без забрани. цр/бак/Фото: МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Мицевски обвини за злоупотреба на пратеничките прашања, Џафери побара толеранција до примена на новиот деловник

Поставувањето пратенички прашања се злоупотребува, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната Собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања. Според него, од вкупно 33 писмено одоговорени пратенички прашања, поставени на минатата седница, 23 се на власта, а само 10 на цела опозиција, односно шест …

Повеќе »

Утврдена листата за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Седумте најдобро рангирани кандидати за членови на ДКСК добија поддршка од членовите на собраниската Комисија. Претседателката на Комисијата за прашања на изборите и …

Повеќе »

Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна

Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на седницата која се одржува на 30 ноември и 1 декември во Париз, го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна, информираат од Собранието на Република Северна Македонија. Оттаму, посочуваат дека …

Повеќе »