МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.


12 Набавка на комбајни за жито.


Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес, се наведува во соопштението.

Како што соопштија од МЗШВ, максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изнесува три милиони денари.


Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито, а се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje. ipardpa. gov. mk.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се запознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.

цр/ац/Фото:МЗШВ  .


Извор: МИА