Breaking News

ЛОКАЛНО

Дел од населбата 11 Октомври – бараки без вода

Дел од корисниците од населбата 11 Октомври – бараки денеска од 8 часот ќе останат без вода.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улица „Лазар Димитров“ бр. 41. Жителите ќе бидат без вода се додека не се санира дефектот. мд/Фото: МИА …

Повеќе »

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Во Берово и на Попова Шапка утрово е најстудено, минус четири степени, а најтопло е во Дојран, пет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус три степени се измерени во Битола, Тетово, Крушево и Маврови Анови, минус два степени во Скопје-Петровец, Прилеп, Струмица, Охрид, Демир Капија, минус еден …

Повеќе »

Панел дискусија за придобивките од Берлинскиот процес

– Панел дискусија „Придобивките од Берлинскиот процес за Северна Македонија: Осврт на сработеното во делот на заедничкиот регионален пазар со фокус на роамингот“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на  Институтот за демократија (ИДСЦС). Целта на настанот е да иницира дијалог за преземените заложби од Берлински процес, преку …

Повеќе »

Увид во изградбата на пругата Куманово-Бељаковце

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе изврши увид во изградбата на пругата на Коридор 8, делница Куманово-Бељаковце. При увидот Бочварски ќе биде придружуван од директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек и директорот на ЖРСМ Инфраструктура Зоран Трифуновски. вј/мд/Фото: МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Спасовски на средба со раководствата на СВР Куманово и Тетово и Регионалниот центар Север

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР ќе оствари работна средба со раководствата на секторите за внатрешни работи Куманово, Тетово и Регионалниот центар Север. Работната средба ќе се одржи во просториите на СВР Куманово. ев/мд/ . Извор: МИА

Повеќе »

Продолжува амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2024 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2024 година.  За Предлог-буџетот поднесени се вкупно 272 амандмани од овластени предлагачи, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на …

Повеќе »

Нацрт патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација пред матичните собраниски тела

Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања денеска во Собранието ќе одржат заедничка седница.  На дневен ред е Разгледување на Нацрт Патоказ за владеење на правото и Нацрт Патоказ за реформа на јавната администрација. ев/мд/ . Извор: МИА

Повеќе »

Завршна трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ на тема енергетика

Завршната осма трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ ќе се одржи вечер во Куманово. Темата на трибината е членството во ЕУ од аспект на енергетиката.  Најавено се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции …

Повеќе »

Две седници на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одржи две седници.  Членовите на Комисијата ќе имаат средба со слушателите со чин потполковник/полковник на Сениорскиот курс на НАТО Одбранбениот колеџ во Рим, Република Италија. Потоа на 55. седница на Комисијата, пратениците треба да ја разгледаат Информацијата за потребата на доделување на …

Повеќе »

Трибина „Безбедност и спорт“ на Факултетот за безбедност во Скопје

Факултетот за безбедност – Скопје денеска со почеток во 13:30 часот ќе одржи Трибина на тема „Безбедност и спорт“ во големиот амфитеатар на факултетот. Oбраќање на трибината ќе има деканот на Факултет за безбедност, Никола Дујовски и професорката Марина Малиш Саздовска. Потоа ќе се одржат повеќе дискусии со спортисти и …

Повеќе »