Breaking News

ЛОКАЛНО

Пендаровски: Се кандидирам не само за да учествувам на изборите, туку да победам, претседателот треба да се бира на општи избори

Актуелниот претседател Стево Пендаровски смета дека на земјава и е потребен избор на претседател како независна институција што се постигнува кога се избира на општи избори, отколку кога се избира во Парламентот.  Ваквиот став, како што истакна во одговор на новинарско прашање по најавувањето на својата кандидатура за втор претседателски …

Повеќе »

Екипи на Омбудсманот наоѓале готови документи на граѓани, Зибери апелира МВР да биде поефикасно 

– Народниот правобранител му укажува на Министерството за внатрешни работи да се реорганизира за да го нормализира издавањето готови лични документи на граѓаните кои веќе се фотографирале за нови исправи откако претходно одвај успеале и да закажат термин. Омбудсманот Насер Зибери на прес-конференција оцени дека се работи за „сериозен проблем“ …

Повеќе »

Министерот Османи во Турција на Анталија дипломатскиот форум

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи престојува во работна посета на Република Турција, по повод учество на Анталија дипломатскиот форум, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи. На форумот, Османи, како што е најавено, ќе има обраќање на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања …

Повеќе »

Евалуација на проектите од „Програмата за зачувување на природата во Македонија“ реализирани во Делчево

Општина Делчево беше домаќин на тим од евалуатори за спроведените проекти од „Програмата за зачувување на природата во Македонија“. На состанокот, градоначалникот Горан Трајковски го потенцираше значењето на реализираните проекти кои се во насока на зачувување на животната средина и промоција на туризмот. -Општина Делчево имплементираше и беше дел од …

Повеќе »

Пендаровски најави граѓанска кандидатура за втор претседателски мандат, очекува и СДСМ да ја формализира својата поддршка

Претседателот Стево Пендаровски денеска на прес-конференција ја најави својата граѓанска кандидатура за втор мандат на претседателските избори. Тој нагласи дека изминативе денови добил јавна поддршка за номинација за вториот мандат од граѓани, дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе кои, вели, го познаваат но и не мал …

Повеќе »

Изложба „50 години творештво“ на Ангел Димовски-Чауш во Велес 

Ретроспективната изложба „50 години творештво“ на Ангел Димовски – Чауш синоќа беше отворена во Ликовниот салон во Велес, во организација на Народниот музеј. Публиката до 15 март ќе може да погледне 20 негови дела – скулптури изработени во бронза и алуминиуми, како и творби слики – објекти, каде скулптурата и …

Повеќе »

„Секогаш и секаде први“ – Армиските „Волци“ одбележаа 30 години постоење

Баталјонот на специјални сили при Армијата чие мото е „Секогаш и секаде први“ денеска во касарната „Илинден“ одбележа 30-години од формирањето. Баталјонот го прославува 1 март, како датум во спомен на денот кога 1994 година е формирана првата специјална единица во Армијата, препознатлива како „Волци“, која воедно е и првата …

Повеќе »

Тринаесет години од првиот број на македонскиот весникот „Илинден“

– Македонскиот весникот „Илинден“, што е гласило на истоименото друштво во Албанија, денеска одбележува 13 години од објавувањето на првиот број. – На први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број на весникот, како гласило на македонското друштво „Илинден“- Тирана. Во овој изминат период, весникот побуди голем …

Повеќе »

Дел од општина Гази Баба без вода

Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Карл Хрон“, „Карл Либнехт“, „Анри Барбис“ и „Темелко Попов“ во општина Гази Баба.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна приклучна цевка на улица „Карл Хрон“ 66. Водоснабдувањето ќе …

Повеќе »

„Историјата на Охридската Архиепископија“ од Снегаров и четири книги на Зографски првпат достапни на македонски јазик

Kапиталното двотомно дело „Историја на Охридската архиепископија“ од реномираниот славист, историчар, универзитетски професор и академик од минатиот век Иван Снегаров првпат e преведено на македонски јазик и наскоро ќе биде достапно за македонските читатели. Oвие два тома ќе бидат издадени во превод на издавачката куќа „Икона“. „Икона“ ги печати и …

Повеќе »