Британскиот крал повика на француско-британско пријателство пред идните предизвици


Британскиот крал Чарлс Трети вчеравечер ги повика Франција и Обединетото Кралство да продолжат да го „оживуваат своето пријателство“ за заедно да се справат со идните предизвици откако турбуленциите на Брегзит ги нарушија односите.


-На сите нас е да го оживееме нашето пријателство така што ќе биде дораснато на предизвиците на овој 21 век, рече Чарлс на француски за време на официјалната вечера во раскошниот декор на Салата на огледалата во Версајската палата, симбол на француската монархија до револуцијата.


Чарлс Трети го поздрави фактот што францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Риши Сунак, за време на француско-британскиот самит во март во Елисејската палата, прв во последните пет години, иницираа „обновување на срдечната Антанта“ меѓу двете земји по години тензии околу Брегзит.

Макрон му се заблагодари на кралот за посетата неколку месеци по неговото доаѓање на тронот, како „знак на пријателство и доверба“, како и „почит кон нашето минато“ и „гаранција за иднината“.


-И покрај Брегзит, она што не поврзува доаѓа од далеку. . .

Знам дека ќе продолжиме да пишуваме заедно дел од иднината на нашиот континент, да одговориме на предизвиците и да им служиме на нашите заеднички цели.


Француско-британските односи „не беа секогаш мирни“, но таа „осцилација, тој магнетен валцер придонесе за испреплетување на нашите судбини. . .

докажувајќи дека, ако постои чувство кое е наследно меѓу нашите две земји, тоа не е непријателство, тоа е фасцинација.


Можете да сметате на пријателството и континуираната поддршка на нашата земја за да постигнеме заедничка цел за нашиот народ и човештвото, нагласи Макрон. фото: ДПА  .

Извор: МИА